Не купувајте грицки, направете си сами

Овие вкусни соленки се одлични кога ви се грицка нешто, а во комбинација со песто, можат да бидат и супер вечера за оние кои не сакаат да одат гладни на спиење

0
488

Состојки:

500 г брашно
200 мл млако млеко
120 г путер
1 јајце
½ коцка свеж квасец или ½ кесичка сув квасец
1 лажичка сол
1 лажичка кафеав шеќер

Приготвување:

Во длабок сад изматете го јајцето. Настрана издробете го квасецот и растворете го во млакото млеко со лажичка шеќер па соединете го со јајцето.

Путерот оставете го да омекне на собна температура, па додадете го во течните состојки. Постепено додавајте брашно и мешајте додека да добиете меко тесто. Ставете го на набрашнета површина, па убаво домесете го за да добиете мазно и еластично тесто кое нема да ви се лепи на рацете.

Покријте го тестото и оставете го да стасува околу 1 час. Потоа ставете го врз хартија за печење развлечете го во кора со дебелина од околу еден прст.

Заедно со хартијата префрлете ја кората во тепсијата од рерна, исечете ги долгнавестите стапчиња, премачкајте ги со жолчка и поросете ги со сусам и рендан пармезан по желба, па ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат околу 20 минути.

Фото: Pixabey