Кралот на летните ручеци: Неговото величество ПИНЏУР

Пиперките и модриот патлиџан испечете ги половина час пред да си легнете и оставете ги во изгасната рерна. Сабајлето лесно се лупат и вашиот ручек за денес е готов за 10 минути.

0
657

Состојки:

1 голем модар патлиџан

10-15 пиперки (зависи колку ви собира тепсијата од рерната, но колку повеќе толку подобро)

2 домати

1-2 чешниња лук

сол

маслиново масло по желба

Приготвување:

Измијте го зеленчукот, а модриот патлиџан исечете го по должина на пола.

Испечете ги во рерна, а кога ќе се оладат (најдобро е да ги испечете навечер и да ги оставите да преноќат во рерната која ќе ја исклучите малку пред да бидат сосема печени), излупете ги и ставете ги во сад. Истолчете ги со толчник, па додадете сол и рендани излупени домати.

Додадете згмечено лукче и по желба, малку маслиново масло.