Немате леб? Јадете печиво

Еве еден одличен рецепт за печиво со јогурт кое е феноменално во секоја комбинација, и со сирење и ајвар, но и со мармалад или мед

0
1030

Состојки:

550 г брашно

300 мл јогурт

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка прашок за печиво

Путер за премачкување

Приготвување:

Во длабок сад ставете јогурт, шеќер, сол, сода бикарбона, прашок за печиво и измешајте. Постепено додавајте брашно и замесете меко тесто.

Ставете го тестото во кеса (за замрзнувач) и оставете го во фрижидер 10 минути.

Потоа премесете го тестото на набрашнета работна површина и поделете го на 7 дела.

Премесете го секој од нив и формирајте 7 топчиња.

Оставете ги да отстојат 5 минути па секое топче расукајте го до големина на чинија.

Ставете ги во тепсија за печење во рерна, а кога ќе бидат готови (не им треба многу време), додека се уште топли премачкајте ги со путер или со маслиново масло.

Фото: Pixabey