На Спутник, Фајзер, Астра или Џонсон – во кафуле

„Имаме достапна вакцина за успешна борба против ковид-19“, пишува на таблата која ќе ве дочека пред влезот на „Парадизо“, кафуле, бар и хостел во центарот на словенечкото гратче Толмин.

0
676

Луѓето се секогаш инвентивни, па појавата на коктели со имиња на вакцини во баровите и кафулињата, не беше неочекувано, но е во секој случај добра идеја.

Можеби ваква или слична понуда има и во други локали низ Словенија и ширум светот, но ние добивме фотографија токму од оваа, во центарот на словенечкото градче  Толмин.

„Како и повеќето локали во Словенија, и ние се придружуваме на акцијата. Имаме достапна вакцина за успешна борба против ковид-19:

Спутник (вотка, сок од лимон, сино куракао)
Фајзер (вотка, џус, сируп од јагода)
Астра вумен како варијација од името на Астра зенека (џин, џус, сируп од манго)
Џонсон (Џејмисон, сок од јаболко, сок од лимета)“, пишува на таблата пред локалот.

Инаку, Парадизо е кафуле, бар и хостел во центарот на градот Толмин, во долината на Соча.
Таму можете да добиете буквално сѐ, од кафе, кроасани, сладолед, до пива и коктели и секако, дневен весник, бесплатен вај-фај и за најмладите – детско катче. Терасата на отворено, како и внатрешноста на барот се достапни за лицата со посебни потреби. Добредојдени се и домашните миленици кои секогаш можат да добијат вода.