Состојки:
500 г краставици + 1 помала за сервирање
2 лажици оцет
Една рака ливчиња од свежо нане
Коцки мраз за сервирање
1 кришка лубеница
Свежо мелен црн пипер
Сол
Маслиново масло
Приготвување:
- Исечете ги краставиците на тркалца и заедно со измиените ливчиња нане, сол, црн пипер, оцет и маслиново масло и ставете ги во блендер.
- Ставете ја смесата во чинија, додадете неколку коцки мраз, лубеницата исчистена од семки и исечена на коцки, ставете неколку коцки краставица и украсете со неколку ливчиња свежо нане.
Фотографијата и рецептот се од ТУКА.