Изборот на The Best Chef Top100 е еден од најважните и највлијателните во ресторанската индустрија. Специфичноста на овие награди е тоа што готвачите се избираат исклучиво од професионалци од ресторанската индустрија, па станува збор за престижна награда во струката.
Оваа година, за најдобра слаткарка во овој избор е прогласена Маша Салопек, главна слаткарка во словенечкиот ресторан со две Мишелин ѕвезди „Хиша Франко“, а Ана Рош, шеф во истиот ресторан е седма во изборот на 100 најдобри готвачи во светот.
Најдобрата слаткарка во светот е од Чаковец и за хрватските медиуми открива дека во своите десерти претпочита сол наместо шеќер, а наместо чоколадо, користи грав.
Фото: Фејсбук