Најголемата тиква во Русија тежи речиси 700 килограми

Во Русија се одржал првиот серуски натпревар за одгледување џиновски тикви, а најголемата тежела 692,5 килограми. Интересно е што станува збор за тикви без хемикалии, јадливи и вкусни

0
205

На прво место на првиот серуски натпревар за одгледување џиновски тикви, кој се одржал во Москва, се наоѓа тиквата тешка 692,5 килограми. Тиквата била одгледана во Луховици крај Москва од Андреј Гушев.

Гушев последниве години одгледувал џиновски тикви – секој пат победува и го носи најголемиот зеленчук на есенската изложба во Аптекарски Огород.

Станува збор за тикви одгледани без хемикалии, кои се јадливи и вкусни. Победничката тиква се отвора на крајот од изложбата, а организаторите велат: не е лесно, ама ние сме искусни.

Оваа година со поддршка на компанијата Organic Mix @ organicmix.official
се одржал првиот серуски натпревар за одгледување џиновски тикви и сите овие тикви се финалисти.

За победничката тиква Гушев добил награда од 100 илјади рубли, а во 2022 година се најавува зголемен награден фонд.

 

Освен десетина огромни тикви, на есенската изложба која траела до 7.ноември, можеле да се видат и други шарени зеленчуци, бобинки, сезонски цвеќиња и волшебни композиции.

Во меѓувреме и во Хрватска беше претставена најголемата тиква за годинава чија тежина е приближна на онаа на руската и изнесува 674 килограми.