Состојки:
350 г бело брашно
150 г овесно брашно
сув квасец на врвот од лажичката
1/2 лажичка сол
1 рамна лажичка мед
300 мл вода
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во сад и измешајте. Покријте со влажна крпа и оставете го на собна температура 12-18 часа. Ние го правиме навечер, а следниот ден, после кафето, ако е премногу течно, го поросуваме со брашно и нежно го преклопуваме со помош на шпатула неколку пати, за да добие форма на лепче и го оставаме покриено уште 3-4 часа.
Го ставаме во тавче со капак во ладна рерна, ја вклучуваме на 220 степени и го ставаме да се пече со преклопениот дел на лепчето свртен нагоре. Го печеме 35 минути со капак, а потоа уште 15-20 минути без капак.
Потоа завиткајте го во крпа и оставете го малку да одмори пред да го исечете.