Коктел во кригла

Ако имате некој домашен ликер, направете си коктел по свој вкус. Нашиот предлог е овој, и тоа - во кригли

0
280

Ако го направивте оној одличен ликер од јагоди и џин, значи ја имате основната состојка за овој коктел.

Ќе си ставите мраз, ликерот од јагоди, лимон, мента, уште малку џин и, се разбира, тоник.

Ако немате ликер од јагоди, обидете се со некој друг ликер кој ви е премногу благ за да го пиете онака, клот, па искомбинирајте го со нешто друго, по ваш избор.

На пример, ако имате ‘ораховача’, ставете многу мраз, лимон и газирана вода. Нема да биде многу благо, напротив, ќе добиете вкусен и освежителен коктел.

Иако, не е доцна да го направите ликерот со јагоди. Уште има јагоди, а не треба ни долго да се чека, доволни се 2-3 недели.