Направете домашен путер од кикирики

Путерот од кикирики е многу корисен за здравјето иако е ова за многумина чудно. Сепак, тој е полн со здрави и есенцијални масти и масни киселини кои се одличен пријател на срцето и имунитетот. Ако сè уште не сте пробале, купете или направете си една тегличка уште денес!

0
485

Научете како да направите путер од кикирики и која храна можете да ја комбинирате со него.

Во 100 грама путер од кикирики се содржат во просек дури 49 грама маснотии. Ова може да звучи загрижувачки, но воопшто не треба да ве плаши. Имено, тој е скоро еквивалентен на маслиновото масло, бидејќи е богат со заситени и незаситени масти. Затоа е одличен извор на здрави и корисни липиди кои позитивно влијаат на нивото на холестерол во крвта. Кога станува збор за путер од кикирики, протеините се она што е спрецифично за него. Нив ги има во просек околу 25 проценти, а ретко која слична намирница може да ви обезбеди толку многу од овие хранливи материи. Ќе ве држи долго сити, нема да имате напади од глад и ќе ве отргне од прејадување.

Не треба да го занемаруваме фактот дека овој намаз содржи многу витамини и минерали. Тие се доста важни за човечкото тело, за неговото правилно функционирање. Тој содржи магнезиум, фосфор, калиум, бакар, манган, калциум, селен, цинк и железо. Оваа импресивна комбинација има многу здравствени придобивки, но тоа не е сè. Путерот од кикирики содржи витамин Е, како и витамин Б комплекс: рибофлавин, тиамин, ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и фолна киселина. Ова практично значи дека овој вкусен намаз е заштитник на мозокот и целиот нервен систем.

Здравствени придобивки

Ако јадете путер од кикирики, вашето здравје ќе биде подобро и ќе бидете заштитени од многу болести. Можеби ви звучи неверојатно дека еден таков обичен производ има толку силен и позитивен ефект врз телото. Сепак, треба да знаете дека путерот од кикирики е одличен за здравјето на срцето. Пред сè, заради здравите маснотии со кои изобилуваат. Ова е причината зошто путерот од кикирики за здравјето на срцето е исклучително добар. Овие липиди, во комбинација со витамини и минерали, успешно ги намалуваат нивоата на ЛДЛ и малку го зголемуваат добриот холестерол. На овој начин, ќе го избегнете ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок, мозочен удар, итн.

Помага при губење на тежината

Путерот од кикирики содржи протеини кои ќе ве заситат долгорочно. Со него успешно ќе избегнете напади на глад, прејадување и доколку сте физички активни – ќе градите мускулна маса. Ова е голем плус затоа што е најдобриот и најбрзиот начин да ги согорите маснотиите и калориите.

Заштитува од Алцхајмерова болест и овозможува подобра меморија

Комбинацијата што се наоѓа во комплексот витамини Б е одличен сојузник на вашиот мозок. Поточно, тие имаат позитивен ефект врз невроните и нервните клетки. Ќе ви помогне ако полагате испити или се соочувате со голем ментален напор. Тие исто така ве чуваат од Алцхајмерова болест, најмногу заради ниацинот кој е најзаслужен за тоа. Затоа, јадете путер од кикирики за подобра меморија.

Кикирики како лек за поцврсти коски

Сите минерали и витамини во оваа храна, а особено калциумот, се одлични заштитници на коскеното ткиво. Ова е особено важно за деца, адолесценти и постари лица. Затоа, наместо млечни производи, се советува да се користи путер од кикирики. Одличен е како превенција од остеопороза.

Помага при некои видови на карцином

Постојат докази дека е корисно да се консумира и во многу случаи, путерот од кикирики спречил ширење на рак на дебелото црево. Покрај тоа, благодарение на путерот од кикирики карциномното ткиво постепено ќе започне да се повлекува.

Спречува формирање на жолчни камења

Доколку имате ваков здравствен проблем, можете да излупите најмалку 15 кикирики секое утро и да ги изедете. Тие се одлична и пред сè здрава замена за грицките. Покрај тоа, путерот од кикирики против жолчните камења дава подеднакво добри резултати. Може да го намали ризикот од нивна појава до 30 проценти.

Голем сојузник е во борбата против дијабетесот

Веројатно го знаете фактот дека кикириките во вашата исхрана помагаат спречување на дијабетес. И сирови и во форма на путер, тие се извонредни во борбата против оваа болест. што е сѐ пораспространета кај луѓето. Затоа, слободно јадете кикирики и дијабетесот ќе ве заобиколи.

Ги елиминира токсините и детоксифицира

Во спречувањето на разни заболувања, најважно е да се отстранат слободните радикали и отрови што се таложат во организмот. Повеќето од нив се во цревата, така што можат лесно да се рашират низ телото. Оваа вкусна храна содржи калиум, витамин Е и антиоксиданти. Тие ќе го исчистат дигестивниот тракт и ќе ги отстранат сите штетни материи што можат да бидат тригер за појава на многу болести.

Хит храна за бремени жени

Путерот од кикирики е одличен додаток во исхраната за бремени жени, бидејќи е полн со протеини, и што е најважно, содржи фолна киселина. Таа е исклучително важна за правилен развој на бебињата и спречува дефекти и деформитети. Најпрво проверете со вашиот лекар и видете да не сте можеби алергични на некоја од состојките. Ако не, слободно јадете кикирики за време на бременоста, или сирови или во форма на путер и ќе направите одлична работа за себе и за вашето бебе.

Сигурно ќе се согласите дека здравствените придобивки од оваа храна се навистина импресивни.

Уште една добра работа е тоа што е целосно подобен за консумирање во периодот на постите.

Причина за тоа е фактот што сите масти во оваа намирница се во целост од растително потекло.

Како да направите путер од кикирики дома

Овој вкусен намаз можете да го направите и во вашата кујна! Ние ќе го споделиме со вас најдобриот рецепт за ова, такашто ако сте заинтересирани да направите путер од кикирики, следете ги едноставните упатства подолу.

Потребни состојки:

300 грама непечени, излупени и несолени кикиритки

малку сол

2 лажици маслиново масло.

Приготвување:

Печете ги кикириките во рерна што сте ја загреале на 160 степени. Потребни ви се само 15 минути. Извадете ги веднаш штом ќе забележите дека имаат жолтеникава боја и кога ќе почувствувате карактеристичен мирис. Потоа извадете ја тавата во која се печеле и оставете ги малку да се изладат па ставете ги во блендер.

Ако апаратот е помал, не додавајте ги сите одеднаш, туку сторете го тоа постепено. Поросете малку сол на нив и смелете ги со максимална брзина. Кога ќе добиете смеса во форма на паста, додадете две лажици маслиново масло и мешајте во блендерот малку подолго.

Друг начин да направите путер од кикиритки е да додадете малку мед, цимет или јаворов сируп на самиот крај. Ова ви го оставаме на вас и на вашата фантазија. Во секој случај, добивате путер со феноменален вкус.

Ставете ја смесата во стаклена тегла што претходно добро сте ја измиле. Многу е важно да се чува во фрижидер. Слободно можете да го јадете путерот од кикирики цела недела, најдобро за појадок бидејќи е одличен почетод на денот.

Покрај тоа што е одличен кога се консумира сам, може да се намачка на парче леб или на тост, а може да се комбинира и со други јадења. Поради специфичниот вкус, тој е омилен низ целиот свет.

Фото: Pixabey