Направете домашен леб што не дебелее

Овој леб не содржи глутен, па е препорачлив за оние кои се интолерантни на глутен, но и за дијабетичарите

0
366

Се прави многу лесно и релативно брзо. Односно, не е потребно долго да се чека откако ќе го замесите, но би требало тестото да отстои барем 30-40 минути, а се пече околу 45. Самото приготвување на тестото нема да ви одземе повеќе од 10 минути.

Состојки:

1 сув квасец или коцка свеж
500 мл млака вода
500 г брашно од хељда
лажичка сол
лажичка шеќер
3 лажици маслиново масло

Приготвување:

Ставете брашно од хељда во голем сад и додадете сол, шеќер и квасецот и добро измешајте, а потоа додадете маслиново масло.

Кога сè е во садот, постепено додавајте млака вода и месете за да се соединат убаво сите состојки.

Кога ќе го замесите тестото оставете го да отстои околу 30-40 минути.

Загрејте ја рерната и ставете го тестото во подмачкана тепсија за печење и печете околу 45 минути на температура од 200 степени.

Фото: Freepik