Наместо аналгетици, грицнете ѓумбир, зачинете со нане, оригано,…

Не дозволувајте главоболка или болка предизвикана од нешто друго да ве спречи целосно да уживате во летните активности. Вклучете во исхраната зачини и храна што ефикасно се борат со болката.

0
180

Докажано е дека одредени зачини и намирници ја имаат оваа моќ да ја ублажат болката на сосема природен начин, затоа ова лето задолжително искористете ги во оброците. Ќе наведеме само неколку од нив.

Ѓумбир. Свежиот ѓумбир е совршен за разни маринади од месо, но исто така ќе се вклопи феноменално во летните коктели. Тој е дигестив со аналгетски и антиинфламаторни својства што е докажано дека ја ублажува болката кај луѓето кои страдаат од ревматоиден артритис, остеоартритис и фибромијалгија. Покрај тоа што можете да го користите во храна, можете да направите и облоги од ѓумбир за долниот дел на стомакот, болки во зглобовите или главоболка.

Нане. Нането е неизбежен зачин кога станува збор за јадења инспирирани од Медитеранот. Содржи состојка ментол, за која е докажано дека многу ефикасно ги релаксира мускулите, особено оние во грбот. Постојат многу видови нане, и ако имате проблеми со варењето, тогаш пробајте пеперминт, кој ќе ви го подобри варењето и ќе ви го смири стомакот. Сепак, треба да бидете внимателни ако сте бремени или доите.

Зелениот чај, покрај тоа што има антиканцерогени својства, го штити мозокот, поттикнува губење на тежината и, се разбира, има позитивен ефект врз намалувањето на болката бидејќи многу ефикасно ги релаксира мускулите. Има многу моќни антиинфламаторни својства и се покажа дека е успешен во борбата против разни видови болки во зглобовите.

Ориганото е зачин кој автоматски ни асоцира на пица и на секое јадење ќе му даде посебен вкус. Бидејќи потекнува од семејството нане, тој е многу ефикасен во потиснувањето на болката предизвикана од артритис. За оваа намена користете само свежо оригано.

Рузмаринот има многу силна арома, и оди феноменално добро со печен компир, живина и риба. Бидејќи е исто така далечен роднина на нането, исто како и ориганото, има антиинфламаторни својства и е силен борец против бактерии и вируси. Задолжително користете го во летните денови кога има многу стомачни вируси.

Копарот е карактеристичен за италијанската кујна, можете да ги користите ливчињата како зачин, но исто така можете да го користите коренот, во салати, супи, на скара. Со векови се користи за болки во мускулите, реума и слабо варење. Исто така е многу ефикасен при менструални болки бидејќи ги релаксира мускулите и спречува грчеви. Жените кои имаат зголемено крварење за време на циклусот, треба да бидат внимателни со неговата употреба.

Чили. Тешко е да помине дури и една листа на намирници кои успешно се борат со болката без ова луто пиперче. Чилито ќе ви го залути јадењето, но исто така ќе го забрза вашиот метаболизам и затоа се препорачува во многу планови за исхрана. Капсаицинот е компонента која им дава лутина на пиперките, но и го стимулира ослободувањето на ендорфин, природен лек против болки што се наоѓа во нашето тело. Не користете чили само во рецепти инспирирани од мексиканската кујна, совршено оди со чоколадо и затоа додадете го во чоколаден мус или суфле.

Фото: Unsplash