Состојки:
100 г сирови излупени семки од сончоглед
2 лажици нерафинирано сончогледово масло
1 лажичка нерафинирано кокосово масло
1 лажичка мелен рогач
40 г мед
Приготвување:
Во блендер смелете го сончогледот па ставете го во сад и додадете ги другите состојки. Сѐ добро измешајте и префрлете го готовиот намаз во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.
Количината на масло и мед прилагодете ја според свој вкус во однос на тоа колку слатко и колку густо сакате да биде.
Фотографијата и рецептот се од ТУКА.