Меки кекси од бадеми и рикота

Овие миризливи колаченца се одлични со попладневна шолја кафе (или чај)

0
175

Ако сакате нешто слатко и миризливо, а немате многу време или волја, подгответе ги овие брзи кекси со рикота и мелени бадеми. Целиот процес трае помалку од половина час, а состојките се доволни за околу 30 мали колаченца.
Имајте на ум дека рикотата можете да ја замените со крем сирење или уште подобро, со несолена урда.

Состојки:

120 г омекнат путер
100 г кафеав шеќер
100 г бел шеќер
1 големо јајце
1 лажичка екстракт од бадем
250 г рикота
250 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
170 г ситно мелени бадеми

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете во тепсијата хартија за печење.
Измешајте го омекнатиот путер со шеќерот во мека смеса, а потоа додадете ги јајцето и екстрактот од бадем. Потоа додадете ја рикотата.
Измешајте го брашното со прашокот за пециво и мелените бадеми и измешајте ги со течните состојки.
Обликувајте мали топчиња и наредете ги на тепсијата. Лесно притиснете го секој со дланка и поросете ги со малку мелени бадеми.
Печете 10-13 минути, во зависност од рерната. Извадете ги кога ќе добијат убава боја и оставете ги да се изладат целосно пред да ги послужите.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

Фото: Pixabay