Податоците на американските научници од Cleveland Clinic укажуваат на поголема шанса за подолг живот кај луѓе кои се посклони кон редовно консумирање на лути пиперчиња.
Најизразено намалување на ризикот од смрт е забележано во однос на срцевите заболувања (26%) и карцином (23%), утврдено е по анализа на податоците собрани од околу 570 000 луѓе од САД, Кина, Италија и Иран.
Ризикот од смрт од која било причина бил во просек 25% помал кај љубителите на лутите пиперчиња отколку кај другите учесници во студијата.
Истражувачите веруваат дека забележаната корелација може да се припише на дејството на капсаицинот, состојка одговорна за вкусот на лутите пиперки.
За капсаицинот се знае дека има антиинфламаторно дејство, додаваат научниците.
Фото: Pixabay