Дали знаете што е tablescaping?

Во период на корона кога сме сите повеќе или помалку заглавени дома, сите оние модни фанатици и љубители на модата кои секојдневно си играа правејќи безброј креативни комбинации од своите модни парчиња, ако треба да му се верува на Инстаграм, најдоа нов начин да си играат со бои, текстури и принтови без да мора да ја напуштат куќата. Тие им се препуштија на радостите на tablescaping. На што?! Да, да, тоа е зборот кој во превод би значел поставување на масата.

0
222

Што се случува за време на овој долг период на корона, кога сите го поминуваме поголемиот дел од времето дома и кога не ни е многу гајле како изгледаме, па сите оние привлечни парчиња облека кои до скоро грижливо ги комбиниравме со соодветни обувки, сега се заменети со облека за која не сте сигурни дали е наменета за пилатес, за спиење или за тркалање на каучот?

Сета облека заглавена на закачалки, чека некои подобри денови, а дотогаш, сите оние модни фанатици и љубители на модата кои секојдневно си играа правејќи безброј креативни комбинации од своите модни парчиња, ако треба да му се верува на Инстаграм, најдоа нов начин да си играат со бои, текстури и принтови без да мора да ја напуштат куќата. Тие им се препуштија на радостите на tablescaping. На што?! Да, да, тоа е зборот кој во превод би значел поставување на масата.

Значи, сега тие трошат исто толку внимание како што некогаш трошеле на комбинирање на чевлите со кристали, кадифени фустани и хулахопки во боја, на соодветни памучни салфетки, прибор за јадење и плитки и длабоки чинии.

За време на првиот бран на коронавирус и карантин што беше на сила ширум светот, Лора Џексон секој ден ѝ нудеше на интернет публиката нови идеи за тоа како да се постави масата, охрабрувајќи ги сите да ја доживуваат вечерата дома (на која бевме осудени) како настан. Нејзината колешка од Инстаграм, Алис Нејлор-Лејланд, поради нејзината страст педантно да ја украси трпезата пред вечера, лансираше нов бренд Mrs. Alice. Нејзиниот принцип е таков што можете да одберете цел пакет („Tablescape in the Box“) и таа едноставно ќе го испорача секој елемент од фино украсената маса (освен чинии и прибор за јадење). И нема да ве остават на цедило ниту за садовите, се разбира, можат да ви го испратат сето тоа по одредена цена на домашна адреса. Колку е напреден трендот, покажува и фактот дека компанијата Maison Margaux нуди пакети за изнајмување декорации, прибор за јадење, чаши … Сè што порано беше составен дел од организацијата на венчавки, што веќе ги нема во обемот на кој сме навикнати, но благодарение на тој факт сега секој може да подготви свечена вечера дома за своето семејство и следниот ден да им врати назад сè на куририте на компанијата.

Хаштагот #tablescape на Инстаграм е користен над еден милион и двесте илјади пати (а каде се другите социјални мрежи) и многу дизајнери брзо се качија на овој елегантен воз, па почнаа да дизајнираат луксузни чаршафи за маса, колекции чинии со потпис и детали за домот и откриваат дека садовите бележат неверојатно зголемување на продажбата во споредба со минатата година.
Ако ви недостасува комбинирањето на облеката, ви препорачуваме да се испробате во овој нов тренд на декорирање на семејната трпеза.