Лебот од спелта може да чини и 350 денари…Знаете зошто?

Неодамна пишувавме за ферментиран леб со маја кој во градов го продаваат по 350 денари за 850 грама, па рековме дека е тоа скапо. Истава цена би била логична за леб од спелтино брашно, од едноставна причина што ова брашно чини речиси 300 денари за килограм, рефус...Фер, нели?

0
351

Пред некое време пишувавме за лебот што се прави од маја и се остава да ферментира 18 часа, па низ градов се продава за 350 денари за 850 грама.

Што е многу, многу е. Знаете зошто? Затоа што се прави од брашно, вода и сол. А брашното е обично, бело брашно што чини 20-30 денари за 1 килограм.

Е овој леб од спелтино брашно е друга приказна. Брашното од спелта купено рефус чини 290 денари за килограм. Логично е ваков леб да чини дури и 350 денари, па макар бил и помал, нели?

А уште пологично е да си го направите сами дома, особено зашто се прави за половина час.

Еве го и рецептот:

350 грама спелтино брашно

2-3 лажици јачменово брашно

1 прашок за пециво

лажичка химелајска сол

3 лажици маслиново масло

150 мл вода

Измешајте ги солта и прашокот за пециво во брашното, потоа додадете вода и маслиново масло и формирајте лепче. Ставете го во долгнавесто тавче (ако имате, ако не, можете да направите каков било облик и да го печете во обично тавче, врз хартија за печење.

Засечете го по површината дијагонално 3 -4 пати и ставете го во загреана рерна на 200° C околу половина час. Кога ќе го извадите лебот од рерна, завиткајте го во крпа и оставете го малку да се излади.

Што се однесува до спелтата, таа е многу слична на пченицата, но многу покорисна и полековита.

Оваа скапоцена житарка е многу постар вид од пченицата, а денеска се одгледува без примена на пестициди или некакви генетски модификации.

Во минатото од неа се правел леб и таа била сметана за основна животна намирница. Растела во Југозападна Азија, а потоа се проширила и низ целиот свет.

Била потисната од пченицата затоа што пченицата била поефтина и полесна за обработка.

Но, од неодамна спелтата добива на актуелност и тоа, најмногу поради глутенот односно поради оние кои имаат проблем со него. Имено, спелтиното брашно содржи глутен но во помали количини и станува збор за поинаков вид кој полесно се разградува во вода, па сѐ повеќе луѓе се вртат кон овој производ. Освен ова, спелтата има и други здравствени предности.

Корисна е за варењето. Високата содржина на влакна ќе го олесни варењето на храната, а тоа ќе ве спаси од непријатни појави како што се надуеноста, гасовите, но и проблемите со опстипацијата. Редовната консумација на ова брашно ќе ги активира вашите црева, ќе ја забрза апсорпцијата на хранливи состојки и ќе го поттикне редовното празнење на цревата.

Брашното од спелта има значајна улога и во превенцијата и лекувањето на чир на желудник, а го снижува и холестеролот на тој начин што го апсорбира од храната, притоа елиминирајќи го лошиот холестерол од организмот, со што ја одржува рамнотежата на масните киселини во телото.

Уште една предност се диететските влакна со кој изобилува.

Ја поттикнува циркулацијата на крвта. Високото ниво на железо и бакар со кој изобилува е од голема помош за циркулацијата на крвта. Тие се од суштинско значење за создавање на црвени крвни зрнца, заради што на вашите органи ќе им обезбеди повеќе кислород. На тој начин добивате повеќе енергија, побрз метаболизам, а ќе бидете заштиени и од анемија.

Го регулира и нивото на хормоните.

Ниацинот е еден од побитните витамини кои можат да се најдат во големи количини во спелтата. Тој игра клучна улога кога станува збор за правилна работа на надбубрежната жлезда, а важен е и за лачењето на половите хормони. Ендокриниот систем е исклучително чувствителен, а секоја нарушеност на неговата рамнотежа може сериозно да го загрози вашето здравје.

Спелтиното брашно е одличен нутритивен производ кој ќе ви помогне во телото да ја внесете потребната количина ниацин кој ќе го балансира нивото на хормони во организмот.

Спелтата е одличен сојузник на имунитетниот систем благодарение на високите количини на бакар, со чија помош го стимулира одбранбениот механизам на вашето тело. Заради тоа, ќе бидете заштитени од бројни болести настинки, воспаленија, а постојат докази и дека помага против стрес и анксиозност.

Вреди да се напомене дека спелтата е и ретка намирница која е богата со комплекс Б витамини, па конечно ќе може да ги внесувате на природен начин.

Ги чува и ги јакне и коските.

Оваа житарка е богата со низа есенцијални минерали кои се корисни за здравјето на коските, а тоа ги вклучува цинкот, магнезиумот, бакарот, фосфорот, а особено селенот кој е многу тешко да се најде во природата.

Оваа комбинација придонесува за развој на коскеното ткиво и ја одржува неговата јачина. Доколку на пример, пиете зелен сок од спелта, бидете сигурни дека ќе бидете заштитени од остеопороза и оштетување на коските.

Помага за раст и развој на мускулуте.

Фосфорот, во комбинација со импресивната количина протеини со кои оваа житарка изобилува, во значајна мера е важен фактор кога станува збор за раст и развој на мускулното ткиво.

Освен тоа, исклучително е здраво да се консумира леб од спелта, затоа што на тој начин ќе го зачувате здравјето на крвните садови, тетиви и зглобови.

Фосфорот ќе го снабди вашиот организам со неопходните протеини, ќе го регенерира ткивото и ќе ги зајакне мускулите.

Многу е важно за исхраната на спортистите и рекреативците кои на овој начин потполно природно ќе ги внесат сите потребни аминокиселини.

Корисно е и за заболените од дијабетес. Имено, простите шеќери  и јагленохидрати се најголема опасност за дијабетичарите. Токму високата содржина на влакна што ги содржи спелтата ќе ја регулира нивната елиминација, а посебно треба да се нагласи и дека има низок гликемиски индекс. На тој начин, брашното од спелта побавно ќе ја ослободува глукозата од храната, а притоа ќе го регулира лачењето на инсулин.

Што се однесува до енергетската вредност, сигурно ќе ве интересира и тоа дека спелтата содржи помалку калории од пченицата.

На пример, во една шолја од оваа житарка има само 246 kcal, со нешто малку повеќе од 10 г протеини, 1,5 г масти, 50 г јагленохидрати и 8 г диететски влакна.

Заради ова, брашното од спелта може да биде од голема корист и кога станува збор за слабеење, па е составен дел од многу диети.

Богато е и со есенцијални минерали кои му се неопходни на организмот за правилно да функционира. Така, содржи железо, цинк, магнезиум, натриум, манган и калциум.

Поради тоа што содржи глутен во далеку помали количини од пченицата, брашното од спелта е еден од најдобрите избори за оние кои ги мачи Кроновата болест и целијакијата.