Корона вирусот, пивото и празните полици за брашно

Дали ви се верува дека корона вирусот влијаел на пад на вредноста на акциите на производителот на пивото Корона? А дали ви се верува дека е можно наеднаш сите да решиле да месат ако се најдеме среде епидемија на корона? Имено, во некои од скопските маркети, полиците за брашно се сосема празни, а редиците на каса долги како на времето кога се чекаше за млеко!

0
1255

Кога ќе завладее паника, човековиот мозок навистина почнува чудно да функционира. А луѓето ширум светот, се испаничени поради коронавирусот кој на почетокот од месецот Светскатаздравствена организација (СЗО) го прогласи за глобален здравствен итен случај . И како што се шири стравот од пренесување на вирусот, така се зголемуваат и дезинформациите.

Иако сè уштеима многу непознаници за вирусот, здравствените работници знаат некои основни работи за коронавирусот и се обидуваат да се боратпротив митовите кои се појавуваат на оваа тема.

Верувале или не, некои од нив го поврзуваат корона вирусот со пивото од брендот Корона. Имено, корона вирусот влијаел на пад на вредностите на акциите на производителот на пивото Корона.

Иакo поврзаноста на пивото со корона вирусот е самоедна голема глупост, многу луѓе почнале да ги поврзуваат па изгледа дека моментално, Корона пивото се соочува со тешки последици, па се зголемило и пребарувањето на интернет за ’пивскиот вирус’ и се нашле на Google Trending. Не е целосно јасно дали луѓето навистина веруваат дека ова пиво може да предизвика илидаизлечи вирус, но јасно е дека пивото нема никаква врска со вирусот, освен сличноста во името.

Луѓето почнаа да шират и лажни информации дека корона вирусот може да се излекува со чудотворниот лук. Оваа дезинформација кружи по интернет групите, но би требало да сте свесни дека не е точна.

Оваа респираторна болест е вирусна, и сè уште не е утврден начинот на кој може да се лечи, освен рано откривање. Лукот е здрав и има антимикробни својства, меѓутоа, нема никакви докази дека консумирањето на лук може да ги заштити луѓето од корона вирус.

Некои потрошувачи беа загрижени и за тоа дека нивните производи од азиско потекло би можеле да бидат контаминирани со корона вирус. Меѓутоа, центрите за контрола и превенција на болести велат дека немате причина за загриженост во тој поглед. Генерално, ризикот од ширење на корона вирус преку производите или амабалажите кои се испорачуваат на собна тенпература е многу низок. Овој вирус најчесто се пренесува преку респираторни капки и моментално нема докази кои би го поддржале пренесувањето на вирусот по пошта.

И на крајот, навистина не ми е јасно што значи оној момент со празните полици за брашно во некои од скопските маркети. Мислам, баш сите наеднаш решија да засукаат ракави и да почнат да месат?!