Коронавирусот ги врати во живот прозорците за вино во Фиренца

Ова не е првпат да им се најдат при пандемија. Последните месеци научивме дека глобалната пандемија може да ги запре дури и најсекојдневните рутини. Сепак, мал број ресторани во Фиренца се решени непречено да го задоволуваат вкусот на локалното население за вино непречено па се вртат кон долго заборавениот метод

0
272

Околу италијанскиот град, неколку историски „вински прозорци“ или buchette del vino, повторно се отворија за да се служи виното на безбедна, социјална дистанца. Концептот е едноставен: Наместо да влезете во остерија или бар, едноставно ја земате чашата од прозорецот специјално изграден за оваа намена. Звучи како потфат, кој можеше да биде замислен од претприемнички хипстери денес. Но, тоа е, всушност, сведоштво за траен такт и креативност на жителите на ренесансата во градот, кои не сакаа да дозволат бран на бубонската чума да добие на убава чаша црвено.

Звучи како потфат, кој можеше да биде замислен од некои денешни претприемнички хипстери, но тоа е, всушност, сведоштво за креативноста на ренесансните жители, кои не сакаа да дозволат бранот на бубонската чума да го спречи задоволството од чаша убаво црвено вино.

Помеѓу 1630 и 1633 година, болеста што започнала да уништува и да се шири од 14 век, повторно се пробивал низ Фиренца; се верува дека, само во првата година, градот изгубил околу 9,000 жители, или скоро 12% од нејзиното население. Продавачите сфатиле дека трговијата лице-в-лице и рака-на-рака треба да се ограничи што е можно повеќе. Затоа, тие низ овие прозорци продавале вино и ја собирале исплатата на метални плочи кои потоа биле дезинфицирани со оцет. Мери Форест, Американка која живее во Фиренца и е основач на здружението Wine Windows, додава дека виното во тоа време се ценело и поради неговата медицинска вредност, особено затоа што голем дел од достапната вода за пиење била нечиста и носела болест.

Според Форест, пет или шест ресторани во Фиренца ги реактивирале своите вински прозорци во екот на пандемијата COVID-19. Покрај (или, во некои случаи, наместо) вино, тие исто така продаваат и сладолед и кафе. Иако нема официјален документ кој ги каталозира сите вински прозорци, Здружението Wine Windows брои повеќе од 200 вкупно во целиот регион Тоскана. Повеќето од нив се во Фиренца, а Здружението создало интерактивна мапа што покажува како се распоредени. Форест проценува дека, во просек, има околу еден вински прозорец за секој блок во градот.

Иако прозорците се покажале уникатно корисни за време на бранот на болести од 17 век, тие всушност се појавиле од други причини во текот на 16 век. Форест пишува дека „тие биле како ран земјоделски пазар“, во кој производителите можеле да им продаваат директно на клиентите без посредник и даноци. Прозорците биле популарни со векови, постепено излегувајќи од употреба во текот на 20 век. Еден повторно бил отворен минатата година, пред пандемијата.

Здружението Wine Windows, пишува Форест, било формирано со цел повторно да се привлече вниманието кон овие фирентински реликвии. „Голем дел од нив беа насликани, изгубени, изронети, малтерисани, прекриени со графити“, пишува таа, „такашто, време беше да се заинтересира јавноста за нив и нивната историја. Се надеваме дека ќе поставиме плочи на sидовите близу нив“, како средство за зацврстување на нивниот статус на наследство. Тие ни помагаат да запаметиме, пишува таа, „каков беше животот некогаш“ – знаење кое понекогаш треба да го примениме во сегашниот момент.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.