Постојано излегуваат нови истражувања за штетноста на одредени состојки во намирниците што секојдневно ги јадеме, но во морето на такви информации мора да се направи разлика и да се знае што навистина претставува закана за нашето здравје, а што понекогаш сепак можеме да јадеме.
Да се потсетиме на листата која ја составила Јоана Блитмен, британска новинарка која се занимава со истражување на храната. Нејзината листа открива која храна и пијалоци не би смееле никогаш да ги земаме, а кои можеме да ги земаме во многу мали количини. Меѓу најлошите ги ставила обичните мастики за џвакање кои можат многу да му наштетат на нашиот организам, а милиони луѓе секојдневно ги користат.
Намирниците ги рангирала по степенот на токсичност од 1-10, со тоа што нивото на нивната токсичност е поголемо колку што е поголем бројот со кој се одбележани.
Ова е нејзината листа на намирници од најлошото кон најмалото зло за нашиот организам:
10. ниво на токсичност – простете се од овие намирници:
Газирани пијалоци – тие се всушност карбинизирана вода со хемикалии кои можат да содржат и до 12 лажички шеќер. Шеќерот ги вознемирува нашите хормони и ја тестира инсулинската отпорност на организмот што води кон дебелина и дијабетес тип 2.
Диетални напитоци – вештачките сладила во нив влијаат на дебелеењето. Утврдено е дека жените кои пијат многу газирани пијалоци во бременоста почесто раѓаат подебели бебиња. Кај подебелите луѓе што ги пијат е полоша контролата на нивото на глукоза во крвта па се исто така посклони кон развој на дијабетес тип 2.
Гумени бонбони – тие се направени пола од шеќер пола од желатин кој обичпно се добива од свинската кожичка или од лигаментите и коските на телињата. Потоа се обложуваат со восок и се разубавуваат со синтетички бои и вкусови. Немаат никаква нутритивна вредност и можат да го пореметат вашето чувство за вистинска храна. Забавни се, но се многу лош избор за јадење, предупредува Блитмен.
Хот дог – во него најголем проблем се кренвишлите, обично направени од коските на пердувестите животни поврзани со вода, скроб, телешки тетиви и трансглутаминазом – ензим познат и како „месно лепило“. Тоа пак се поврзува со автоимуните болести. Затоа подбро одберете квалитетни колбаси во локалната месарница.
Маргарини и маргарински намази – станува збор за високо рафинирано растително масло и вода кои меѓусебно се поврзуваат со адитиви. Синтетички се обоени за да не изгледаат сиво. Транс мастите во маргарините докажано го зголемуваат ризикот од срцеви болести. Путерот е многу подобра опција.
9. ниво на токсичност – Многу се нездрави и подобро е да ги исфрлите:
Чипс – еден од двата најголеми извори на акриламид, материја која предизвикува рак. Исто така, пржени се на високи температури во растително масло што произведува алдехиди. Изложеноста на сето тоа многу го зголемува ризикот за здравјето и воопшто ризикот од развој на рак. Ако сакате да јадете чипс, обидете се тоа да го сведете на минимум.
Овошни сокови – содржат многу малку овошје, вода и адитиви. Ги уништуваат забите на малите деца, а можат да им наштетат и на возрасните. Подобро давајте им на децата вода и свежо цедени сокови.
Бели мастики за џвакање – За нивната блескава бела боја заслужен е титан диоксидот. Се користи и за слични бели ментол бонбони. Но неговите опасни наночестички се задржуваат во нашиот крвоток, а го апсорбира и црниот дроб и може да предизвика болести како артритис.
Растителни масла – кога се загреваат испуштаат алдехиди. Тие се тесно поврзани со настанок на ракот, со Паркинсонова болест и Алцајмер. Подобро е се да се пржи на маслиново масло или на свинска маст.
8. ниво на токсичност – подобро избегнувајте ги:
Изрежана свинска или мисиркина шунка – исечена е од остатоци на шунка. Се меша со многу сол или шеќер, сладила, силен скроб и полифосфатни хемикалии. Токму во последниве е и проблемот – тие се поврзани со калцифицирање на органите и со затајување на бубрезите.
Киевско пилешко – станува збор за дел од пилешки гради без коски кои се виткаат со многу путер и зачини. Потоа се похуваат и се пржат. Цела похувана храна има голема токсичност затоа што во остатоците од похуваните презли се задржува рафинираниот зејтин кој е изложен на високи температури. Со похуваните намирници се изложувате на канцероген акриламид кој настанува кога храната што содржи скроб се готви на високи температури.
Житни снегулки – се што е добро веќе е исцедено од нив. Ви преостануваат скробни јагленохидрати кои би биле целосно безвкусни ако не се додадените шеќери и сол. Додатоците на синтетички витамини не се апсорбираат добро во организмот како оние од природните намирници. Дневното конзумирање ја зголемува изложеноста на акриламид и ризикот од рак. Подобро одберете овесна каша или јајца за појадок.
7. ниво на токсичност – јадете само доколку морате:
Месни паштети – полни се со скроб, гума и хемикалии кои го зголемуваат ризикот од рак.
Готови сосови – обично содржат вештачки бои, вкусови и екстракти од зеленчук и зачини кои немаат врска со вистинските. Можат да го зголемат ризикот од алергии и од рак.
Готови јадења – откако се тестирани утврдено е дека содржат повеќе шеќери отколку лименка газиран пијалок, а ова најмногу се однесува на ориенталните јадења.
Сладолед – обично се прави од млеко во прав помешано со вода, рафинирани масла и лепила што го зголемува ризкикот од рак и од алергии.
Токсично ниво 6: Јадете по малку, но не често:
Купениот помфрит е втор најголем извор на токсичен акриламид во британската исхрана, утврдиле истражувањата. Кога ги подгревате или ги пржите го зголемувате ризикот од рак. Подобро сами направете си помфрит.
Индустриски лебови – направени се од конзерванси, емулгатори и многу квасец што е лошо за здравјето на цревата. Ако инаку страдате од воспалителни болести на цревата, намалете го внесот на ваквите намирници за да видите дали ќе ви биде подобро.
Кекси без глутен – како и многу други производи без глутен можат да содржат хемикалии како метилцелулоза и ксантан гума кои тешко се варат.
Мајонез – обично содржи два или помалку проценти јајца. Полни се со рафинирано масло и разредувач. Јадете го ретко.
5. ниво на токсичност – не ви требаат во животот:
Кечап – нивниот најголем проблем е големото ниво на шеќер. Не морате потполно да го исфрлите од исхраната, но користете го поретко и помалку ставајте го на храната.
Вегетаријански бургер – бургерите на база на соја се направени од индустриски преработени протеини на соја. Тие влијаат на промена на хормоналната рамнотежа и водат до проблеми со плодноста. Подобро е да јадете повеќе зеленчук, грав, леќа и јаткасти плодови.
4. ниво на токсичност– добро измијте ги пред јадење:
Пакувани салати – многу често се причина за труење со храна. Причината за ова е бактерјата ешерихија коли (E.Coli) од пакуваните салати. Подобро купете си цела салата која самите внимателно и темелно ќе ја измиете. Ако сепак купите пакувана салата, убаво измијте ја за да го намалите ризикот.
Никулци од грав – можат да бидат одлилно место за размножување на опасни бубачки. Во Германија во 2011 година починале 48 луѓе од E.Coli од овие никулци, а околу стотина дошле во состојба да имаат потреба од трансплантација на бубрези или од доживотна дијализа. Убаво мијте ги за да го намалите ризикот.
3. ниво на токсичност – заменете ги со подобра варијанта:
Крофни – дебелеат и пржени се во рафиниран зејтин што пак ве изложува на алдеиди кои се поврзуваат со карциноми, Алцхајмер и Паркинс. Јадете ги еднаш месечно.
Пакувани сендвичи – тие се едни од најчестите извори на салмонела и листерија. Подобро самите направете си сендвич.
2. ниво на токсичност – не претерувајте со нив:
Мармалад – обично содржи најмалку 50 проценти шеќер. Но ако го намачкате во тенок слој секој ден, особено ако самите сте го направиле, нема да ви штети.
Овошен јогурт – полн е со шеќер и со бои. Подобро додадете си свежо овошје во обичниот јогурт.
1. ниво на токсичност – читајте ги декларациите:
Азиски сосови – оосбено оние од остриги често се полни со шеќер и вештачки бои и хемикалии. Затоа можат да предизвикаат алергиски реакции. Ако ги купувате, читајте што пишува на декларацијата и одбирајте ги оние што се поприродни.
Фото: Pixabay