Најновите истражувања покажаа дека најчестиот начин за подготовка на оризот, со ставање во зовриена вода додека таа не испари, е всушност најопасниот, бидејќи ги изложува оние кои го јадат на токсичен арсен. Загадувањето на оризот за време на одгледувањето е резултат на индустриски токсини и пестициди.
Арсенот, дури и во траги, е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и карцином, како и проблеми во развојот, што го прави најопасен за децата, предупредува Енди Мехарг, професор по биолошки науки на универзитетот Белфаст.
Тој тестирал различни начини на готвење ориз за да открие кој е најздравиот.
Во првиот метод, ставил една чаша ориз и две чаши вода и го зготвил додека водата не испари, што е најчестиот начин за подготовка на оризот. Открил дека со овој метод во оризот останало најмногу арсен.
Во вториот метод, тој ставил една чаша ориз и пет чаши вода, а потоа го варел исто толку време како и во првиот случај и на крајот го исфрлил вишокот вода. Во овој метод, нивото на арсен било преполовено.
Во третиот метод, оризот бил потопен во вода и оставен во неа преку ноќ. Утрото го исплакнал оризот додека водата не стане чиста, а потоа го сварил. Со овој метод, нивото на токсинот е намалено за 80 проценти.
Истражувањата на европскиот пазар откриле дека дури 58 проценти од оризовите производи содржат високи нивоа на арсен, па затоа се препорачува секогаш да се остава во вода преку ноќ и да се исплакне следниот ден за да се намали можноста за неповолни здравствени ефекти. Колку е здрав оризот?
Житарките од тропските и суптропските предели на Африка и Азија со години се во средиштетона полемиките. Додека за половина од човештвото е главна храна, други го прогласуваат како „прехранбена измама“ затоа што е полн со јаглехидрати и влијае на зголемување на телесната тежина.
„Сé зависи од тоа каков вид ориз консумирате“, објаснуваат нутриционистите.
Белиот ориз се смета за „нутритивно лош“ затоа што се добива со лупење на обвивките на зрната, поради што неговата хранлива вредност е помала.
Со процесот на мелење им се одземаат витамин Б, железо и растителни влакна. Иако дополнително се збогатува со железо и Б витамини, влакната за жал не можат да се вратат.
Кафеавиот ориз е иста работа како и белиот, но сепак е „житарка со цело зрно“ затоа што кај него е отстранета само надворешната нејадлива обвивка, па е и подобар извор на растителни влакна, витамин Е и антиоксиданти.
Во една чаша варен кафеав ориз има околу 3,5 грама влакна, а истата количина бел ориз содржи помалку од една грам влакна.
Освен тоа, студиите покажуваат дека дел од зрното на оризот познато како субалеуронски слој може да заштитва од виск крвен притисок и атерсклероза, а тој се наоѓа само во кафеавиот ориз. Исто така, докажано е декасо замена на белиот со кафеав ориз луѓето го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.
Сепак, една работа треба да се има на ум. Повеќето луѓе мислат дека кафеавиот ориз е синоним за житарка со цели зрна, технички гледано целите зрна ориз можат да бидат со различни бои, во зависност од сортата на која ѝ припаѓаат. Иако кафеавиот ориз есекако подобар од белиот, нутриционистите предупредуваат дека е подобро да не се купуваат нивни мешавини затоа што најчесто содржат високо ниво сол.
Фото: Pixabey