Кои здравствени проблеми се ублажуваат со ракија?

Ракијата од слива, лоза и од тревки може да ублажи 10 здравствени проблеми. Сепак, со оглед на големиот процент на алкохол во ракијата, треба да се биде внимателен со нејзиното консумирање, но мала количина на ракија може брзо да залечи одредени здравствени проблеми.

0
770

Старата добра ракија на нашите простори се смета за национален пијалок, а приказните за нејзините лековити својства се пренесуваат од генерација на генерација.

Кај нас е најпозната лозовата ракија, сливовата ракија, а популарни се и ракиите со разни лековити билки, како и слатките ракии кои се прават со додавање на овошје.

Со оглед на големиот процент на алкохол во ракијата, сепак треба да се биде внимателен со нејзината потрошувачка, но малата количина ракија може брзо да залечи одредени здравствени проблеми.

Еве неколку тегоби за кои може да ви помогне ракијата:

Болки во стомакот

Јадевте ли тежок и мрсен оброк што ви предизвика болка во стомакот? Еден прст ракија од слива, лоза или од билки веднаш ќе го смири.

Забоболка

Држете голтка ракија десет секунди на болниот заб и потоа исплукајте ја.

Повторете уште два-три пати со кратка пауза за ракијата да не ги изиритира премногу непцата.

Воспалено грло

Ако болното грло е предизвикано од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира.

Ќе ви помогне и топол чај со неколку лажици ракија.

Болка во грбот

Нежно измасирајте го болниот грб со малку ракија.

Повторете ја постапката по неколку часа.

За таа цел, особено се препорачува комова ракија што се прави од остатокот од грозјето по ферментацијата, но ќе ви послужат и други ракии.

Вкочанет врат

И вкочанетиот врат можете да го измасирате со ракија на истиот начин.

Болка кај ревматски заболувања

Меѓу заболените од артритис, масажата со ракија е често средство за ублажување на болката во зглобовите.

Оток

Ракијата е докажано дека ја лади кожата и добро делува на отоците.

Можете да масирате ракија на отеченото место или да ставите облог од ракија.

Имајте на ум дека ракијата може да ја иритира кожата по само неколку минути, затоа кратко чувајте го облогот на отечениот дел од телото.

Слаба циркулација

Нашите баби и дедовци честопати ги започнувале деновите со чашка ракија, за подобра циркулација.

Уролошки проблеми

Ракијата со магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериски инфекции на уринарниот тракт.

Мачнина при возење

Секако, ракијата им помага само на возрасните патници затоа што на возачите не им е дозволено да пијат додека возат. Многу возрасни лица и понатаму страдаат од мачнина додека се возат, а ракијата ќе го реши и овој проблем.

Фото: Pixabay