Кога декорацијата ќе ја засени храната

За почеток, ќе ви ја кажеме најголемата вистина, а тоа е дека прекрасно украсената маса, чинии, рачно изработени украси и соодветно аранжирана храна понекогаш, а ако не и секогаш, можат да остават многу посилен впечаток од самата храна.

0
390

Нашата читателка Олгица Русимов Павловска, е уметничка душа. Постојано изработува најразлични предмети, некои употребливи, некои само украсни.

Некогаш, вели, со денови си го уредува домот, ги украсува ѕидовите со геометриски облици од хартија во нејзината омилена, виолетова боја, си прави украси за балконот, икебани од суви тревки, а да не зборуваме за оние за послужување на храна.

Сè што гледате на фотографијата, а притоа мислиме главно на предметите на кои е сервирана храната, па дури и подметнувачите за чинии, го направила со свои раце.

Кога храната е убаво послужена, самиот оброк станува стимулативен и возбудлив.

И нормално, никој не се осмелува да посегне по храната, сè додека не се исфотографира трпезата.

За инвентивноста и креативноста доволно зборува дури и само малиот сад во кој се ставени капините – обична половинка од кокосов орев? Е да, тоа е, ама треба и да ти текне.