Како правилно се одмрзнува пилешко месо?

Дали сте меѓу оние што одмрзнуваат пилешко месо оставајќи го да се одмрзне на кујнската плоча на собна температура?

0
287

Ако е така, имаме неколку лоши вести за вас – не правете го тоа.
Имено, кога месото останува долго на собна температура, неизбежно е формирање на бактерии, а тие понатаму се пренесуваат на вашите раце, кујнски крпи, садови и можат да предизвикаат опасни болести.

Постојат три безбедни начини за одмрзнување на пилешкото месо, според USDA. Еден метод целосно го прескокнува одмрзнувањето.

Можеби не сте знаеле, но ако навистина немате време, не мора воопшто да го одмрзнувате пилето. Зачинете го и ставете го во рерна или во тенџере за готвење како и обично и сè ќе биде исто како и кога е месото одмрзнато, освен што термичката обработка ќе трае малку подолго. Овој метод на подготовка не се препорачува кога станува збор за пржење.

Најбрзиот метод за одмрзнување е со помош на микробрановата печка. Но во тој случај мора да бидете многу внимателни и пилешкото што сте го одмрзнале да го зготвите веднаш откако ќе го одмрзнете на овој начин. Причината за ова е затоа што микробрановите печки ја загреваат живината на температура на која се развиваат бактерии. Само готвењето на пилешкото на соодветни температури ќе ги уништи потенцијално опасните бактерии.

Исто така, овој начин на одмрзнување може да ја уништи и текстурата на месото. Ова се случува затоа што месото не се топи рамномерно, што на крајот ќе влијае на вкусот.

Најдоброто нешто што можете да го направите е да го преместите месото во обичен фрижидер ноќта пред да го спремате пилешкото, но тоа важи само за оние што однапред ги планираат оброците.

Постои и побрз метод – ставете го пилешкото во пластична кеса, врзете го добро, а потоа ставете ја кесата во сад со ладна вода. Важно е водата да не дојде во директен контакт со месото и никогаш да не се користи топла, туку само ладна вода. Ова треба да трае два до три часа, а водата да се менува на секои 30 минути.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay