Како да се замени шеќерот со мед?

Зошто треба да го замените шеќерот во кафето со мед, но не само во кафето, туку дури и кога правите колачи?

0
120

Без разлика дали пиете чај или кафе, засладувате печива или јадете топла порција овесна каша, битката помеѓу шеќерот и медот ја добива медот – затоа што знаеме колку е здрав.

Постојат одредени рецепти кога изборот на еден од нив е поповолен. На пример, при подготвување колачи некако е подобро да се користи шеќер, но сепак, имаме трик како да се користи медот и како да се пресмета количината мед со која може да се замени соодветна количина шеќер.

Да, шеќерот е „едноставно сладок“, додека „вкусот на кафеавиот шеќер се состои од суптилни ноти на карамела и путер, измешани со сладост“. Од друга страна, медот има цветна нота. Но, постои и лоша страна: медот е вискозен, густ и неверојатно леплив, додека со гранулираниот шеќер е многу полесно да се работи. Според Taste of Home, медот не се расипува и има поголема хранлива вредност од шеќерот. Исто така, важно е да бидете претпазливи со употребата на вистински мед („колку е медот потемен, толку е посилен неговиот вкус“), а во количини, приближно 3/4 шолја мед е идеална замена за секоја шолја шеќер.

Кои се разликите во хранливата вредност?

Покрај тоа, Taste of Home забележува дека можете да додадете сода бикарбона за да ја ублажите киселоста на медот, малку да ја намалите количината на течност во рецептот и да ја намалите температурата. Но, користете здрав разум. Бидете сигурни дека замената е логична и немојте само да ги замените состојките по секоја цена. Исто така, иако калориската вредност на шеќерот и медот е слична, сличен им е и гликемискиот индекс. Шеќерот има ГИ околу 80, а медот од 35 до 80 во зависност од квалитетот на медот.

Medical News Today известува дека шеќерот „нема додадени хранливи материи“. Медот од друга страна содржи мноштво витамини и минерали и исто така е антиоксидант. Медот исто така помага при проблеми со варењето на храната, и може да ги намали проблемите како што се кашлање и воспаление на грлото. Постојат многу различни видови на мед, а нијансите на боите се разликуваат од мед до мед.

Понатаму, медот е помалку обработен од шеќерот затоа што обично се пастеризира пред употреба, според „Medical News Today“. Откриено е дека медот помага при изгореници, рани и сува кожа. Но, внимавајте да не му дадете мед на дете под 12 месеци, ова може да резултира со ботулизам кај новороденчиња. Како што забележува Greatist, „ниту еден вид на засладувач не е исклучиво здрава храна“, затоа секако внимавајте на количината на консумирање.

Сè на сè, заменувањето на медот со шеќерот е дефинитивно изводливо и вкусно. Обидете се да засладите кафе со малку мед наместо со шеќер уште денес и проверете како ви се допаѓа замената, можеби ќе се навикнете на ова, којзнае. Кој би рекол дека е исто така вкусен во коктелите?

Фото: Pexels