За основниот рецепт ви треба четвртина главица зелка, еден морков и половина чаша вода, но можете да комбинирате и поинаку, според вашиот вкус.
Основен рецепт
Исечкајте четвртина главица зелка, која претходно добро сте ја измиле. Излупете и исечкајте еден морков. Сè ставете во соковник и додадете половина чаша вода.
Ова е основен рецепт, кој можете дополнително да го надградите. Додадете малку рендан свеж ѓумбир, целер или јаболко за уште подобар ефект.
Пробајте ја комбинацијата со банана и киви
Измијте и исечкајте 1/4 од зелката, излупете една зрела банана и едно киви со средна големина. Ставете во соковник и додадете 1/4 чаша вода. За неколку минути ќе го добиете совршениот напиток за здрав почеток на денот.
Исцедете сок од црвена зелка за здрав почеток на денот и силна крв
Состојки:
1/4 главица црвена зелка,
1 целер,
едно цвекло
Приготвување:
Измијте ги и исечете ги убаво сите состојки. Ставете во блендер и додадете малку вода. Мешајте неколку минути и напитокот е готов. Наместо цвекло, повремено додавајте јаболко за разновидност.
Црвената зелка одлично оди и со портокали и моркови.
Како да направите свеж сок без соковник?
Одговорот за тоа како да направите сок од зелка без соковник е многу едноставен.
Земете 500 грама зелка. Изрендајте ја на ренде, па смелете ја. Оставете да отстои малку, па процедете ја низ газа.
Вака добиениот сок од зелка чувајте го во фрижидер, но внимавајте да не стои долго. Најдобро е да се пие додека е свеж.