Како да направите свинска маст дома?

Доколку ве интересира како да направите свинска маст, ќе ви кажеме дека најважното правило е да не дозволите да ви прегори. Но, мора да се испече доволно за да не се расипе.

0
247

Некогаш правењето свинска маст им било доверувано на искусни и стручни луѓе кои без грешка ја извршувале оваа работа. Причината за тоа е фактот што овој природен мелем претставувал основа на секоја домашна кујна. Се користи и како лек за многу болести.
Доколку ве интересира како да направите свинска маст, ќе ви кажеме дека најважното правило е да не дозволите да ви прегори. Но, мора да се испече доволно за да не се расипе.

Еве како се прави овој домашен производ:

Стврднатата сланина се сече на парчиња со дебелина на рака. Потоа треба да ги исечете на коцки.
Се ставаат во загреан сад или котел во кој има толкава количина вода што ќе го покрие неговото дно.
Потребно е оваа смеса да се меша на силен оган.
Потоа намалете го нејзиниот интензитет веднаш штом забележите дека коцките сланина почнуваат да пожолтуваат.

Потоа, тргнете ја тавата од оган и оставете да се излади.
Сега е неопходно да се исцеди маснотијата во посебен сад.

Остатокот од сланината што не се стопил може да се користат како чварки, од кои можете да направите бројни домашни вкусни јадења.

Свинската маст како лек е неверојатно добра за целокупното здравје, иако еден период беше прогласена за штетна за човечкиот организам.

Овој природен мелем е најзаслужен за долгиот живот на нашите предци. Некои од нив доживеаја длабока старост бидејќи немаа здравствени проблеми како што е случајот денес.

Фото: Pixabay