Како да направите ароматичен оцет?

Како што во маслото додаваме состојки со кои тоа добива некоја посебна арома, така можеме да направиме и со оцетот и да му го збогатиме вкусот

0
124

Оцетот е лековит еликсир, кој се користи за многу намени. Главно го користиме за подготовка на салати, но му се припишуваат и лековити својства.
За оцетот да не биде само обичен оцет, направете нешто во кое ќе уживате.

Ставете ги саканите состојки во оцет: на пример, рузмарин или босилек, па дури и малини или ливчиња од некои јдливи билки. Ставете ја состојката по ваш избор во оцетот и оставете да отстои 2 недели. Потоа користете го по желба.

Фото: Pexels