И кога сѐ е вонредно,младото вино е извонредно

Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, 11-та по ред, ја продолжува традицијата на Фестивалот на младо вино, организирајќи го најголемиот онлајн настан од ваков вид.

0
134

Раководејќи се од основната идеја заеднички да се наздрави за првото, младо вино од најновата берба, годинава овој настан се организира и со намера да се создаде позитивна атмосфера и да се придонесе кон охрабрување за надминување на предизвиците со кои сите се соочуваме.
Под слоганот „И коге сѐ е вонредно, младото вино е извонредно“ програмата на
годинешниот фестивал вклучува интересни содржини во изведба на познати уметници и естрадни ѕвезди од нашата земја и регионот кои ќе бидат емитувани „во живо“ од две локации – Кавадарци и Белград, а ќе настапат Влатко Стефановски, Тијана Дапчевиќ, Фрајле и Здружение на џез музичари.

Како и претходните години, и годинава се очекува фестивалот да привлече големо
внимание. Веќе е најавено дека фестивалот ќе го следат голем број вински ентузијасти од земјава и од странство, партнери и соработници на „Тиквеш“.

Годинешниот Фестивал на младо вино ќе може да се следи и преку страницата на
„Тиквеш“ на социјалната мрежа Фејсбук – Facebook.com/TikvesWinery, во петок, на 20.ноември 2020, во периодот од 19 до 21 часот.
Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ дава голем придонес за одржување на
традицијата на производство на квалитетно македонско вино и градење на
препознатливоста на Македонија како винска земја. Овој фестивал е прв и најголем
настан од ваков карактер во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на проценка на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји – производители на вино.