Зошто е добро пченкарното брашно?

Многумина се прашуваат дали пченкарното брашно е погодно за лицата интолерантни на глутен и се скептични околу негова консумација. Но, истражувањата покажуваат дека пченката, која генерално, на повеќе начини може да го подобри здравјето, претставува одлична намирница за оние кои се интолерантни на глутен

0
692

Нутриционистите потврдуваат дека солените специјалитети направени од пченкарното брашно и гриз можат да го подобрат здравјето. Благодарение на високата содржина на влакната таквата храна ја поттикнува работата на цревата, додека пченкарните трици ги топат триглицеридите. Секако, ова не важи ако претераме со висококалорични додатоци.

Нутриционистите потсетуваат дека специјалитетите направени од пченкарното брашно на повеќе начини можат да го подобрат здравјето.

Иако на трпезите во Јужна и Северна Америка се наоѓа многу долго, пченката во Европа стигнала пред околу 500 години, а на Балканот дури во 17. век.

Деталните нутриционистички анализи во текот на 20. век потврдиле присуство на бројни корисни супстанци во семето на таа едногодишна билка.

Растворливите влакна од зрното на пченката се врзуваат за холестерол и практично го изнесуваат од организмот. Одличен извор е на влакна, витамин Ц, а од мелените зрна се прави вкусен леб, различни видови на проја, качамак, кекси, додека пак од пченкарните никулци се добива хранливо и лековито масло.

Многумина се прашуваат дали пченкарното брашно е погодно за лицата интолерантни на глутен и се скептични околу негова консумација. Но, истражувањата покажуваат дека пченката претставува одлична намирница за оние кои се интолерантни на глутен.

Доколку сакате едноставен, брз, традиционален и секако вкусен утрински појадок или вечера, направете проја или уште побрзо – палента.

Фото: Pixabey