Зошто е добро да се пости?

Постот е најефикасен, најбрз и секако најевтин метод за чистење на телото, достапен за секого.

0
167

Долгорочното акумулирање на отпадните материи предизвикано од неправилната исхрана, стресот што не знаеме како да го исфрлиме и неправилното дишење и лошите животни навики, во нашето тело предизвикува прекумерна киселост на крвта (ацидоза) и недостаток на кислород во клетките (хипоксија) кои ги преоптоваруваат внатрешните органи и претставуваат погодно тло за развој на бактерии и вируси предизвикувајќи на тој начин полесни или потешки болести – во зависност од тоа колку е загаден организмот.

Загадувањето и чистењето се природни циклуси. Но, понекогаш нашите системи за природна одбрана стануваат преоптоварени и поради зголеменото присуство на токсини и многуте вештачки загадувачи на современиот живот, како што се хемиски преработена храна, пестициди, фармацевтски производи, разни хемиски производи за нега на тело и друго, доаѓа до ретоксикација на организмот.

За да се решат ваквите проблеми, идеален метод е да се пости или да се апстинира од храна најмалку еден ден. Со постот ги чистиме крвта и клетките, ја поттикнуваме младоликоста на надворешните и внатрешните органи и настапува природниот механизам на лекување.

Насочена апстиненција од храна

Постот е најефикасен, најбрз и секако најевтин метод за чистење на телото, достапен за секого.

Со намерно воздржување од одреден вид храна, можеме да го исчистиме и регенерираме и дигестивниот систем и целиот организам и со тоа брзо да го освежиме, обновиме и подмладиме. Едноставно кажано, постот е еден од најстарите методи на лекување и зачувување на здравјето. Самиот Хипократ ги советувал болните да ги лекуваат своето тело и душа со пост, умерена физичка активност и чист воздух наместо со медикаменти.

Функционира на таков начин што за време на постот нашето тело поради тоа што не внесува храна однадвор, ги црпи „внатрешните“ резерви. Токму затоа што организмот ги подмирува своите потреби од внатрешните резерви на енергија, човекот не се чувствува гладен, туку напротив, се чувствува здраво, задоволно, енергично и моќно.

Чистење на целиот организам

Постот е исто така метод за детоксикација на телото. Она што не го јадеш е всушност поважно од она што го јадеш за време на програмата за детоксикација. Колку помалку храна јадете и повеќе вода пиете, толку побрзо и поуспешно вашето тело ќе се детоксифицира и регенерира. Самиот грчки писател Плутарх сугерирал: „Наместо лек, постете еден ден!“. Некогаш, луѓето постеле секоја недела и на тој начин успевале да ја сочуваат нивната виталност, здравје и младост.

Постот е најбрз и најефикасен начин за справување со токсичноста на крвта и ткивата и ослободување на телото од токсичниот вишок, со што се чистат крвотокот и лимфниот систем од преостанатите вишоци. Со насочена апстиненција од храна, можеме да го исчистиме и регенерираме и дигестивниот систем и целиот организам. Нашиот метаболизам е постојано зафатен, никогаш не мирува. Со постот, метаболизмот добива заслужен одмор, а нашето тело е исчистено од акумулираните токсини и нечистотии. Кога постите, вашето тело ќе започне да ги согорува болните, оштетени и мртви клетки во телото и ќе ја забрза изградбата на нови, здрави клетки.

Може да примените еднодневен пост, на секои 15 дена – кога еден ден нема да земате храна и ќе пиете само вода; или пост од неколку дена (3-7 дена), кога можете да земете природни овошни сокови, доколку ви треба посилно чистење. За време на постот, срцето и циркулаторниот систем се помалку оптоварени, дишењето се подобрува, а потоа сите клетки на телото се снабдуваат со кислород побрзо и подобро, се намалуваат нивоата на холестерол во крвта, се затегнува кожата, се зацврстува кожата, исчезнуваат мигрените, алергиите итн.

Мини пост

Одлучете еден од вашите слободни, неработни денови да пиете само вода! Доколку ви е тоа пренапорно, можете да земете свежи сокови (кои сами си ги правите дома) или овошје. Пијте многу повеќе течности од вообичаеното, што ќе го забрза чистењето, особено дигестивниот систем и ќе спречите сушење на кожата. Користете го времето на постот за да се вратите на себе, да пешачите во природа и како што срцето и циркулаторниот систем се помалку оптоварени, вашите клетки брзо ќе бидат исполнети со многу потребниот кислород. Ако не можете да издржите без храна, пробајте со мини пост такашто еден ден нема да јадете ништо после ручекот.

Можете да користите природни и свежи овошни сокови за време на постот, а сокот од јаболко е најдобриот избор затоа што е освежувачки туш за организмот. Јаболкото содржи големи количини на пектин, кој во организмот  ги собира водата и токсините, па затоа некои лекари препорачуваат целодневна диета само со сок од јаболко. Во скандинавската митологија, јаболкото е плод на боговите и докажано е дека дава подобар сон, го намалува високиот крвен притисок, помага при вртоглавица и дебелина. Тоа е многу важно за нега на забите, а исто така е добро средство за освежување на здивот.

Цитрусите како портокалите, грејпфрутите и лимоните придонесуваат многу за алкализација и чистење кога се јадат сами, цели или во сок. Така, малку млака вода со свеж сок од половина исцеден лимон помага да се врати pH рамнотежата во стомакот, а ќе ве ослободи и од мачнините… една лимонада ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ја одржува вашата линија. Свежиот грејпфрут е особено богат со салицилна киселина, која ги отстранува кристализираните наслаги на калциум во зглобовите, со што ја ублажува болката во коските.

Многу вода

Без разлика кој метод на постење го користите, запомнете дека е важно да пиете 2-3 литри чиста вода на ден, бидејќи водата е многу важен сегмент во процесот на детоксикација. Телото на возрасен човек се состои од 72% вода. Водата се наоѓа во сите клетки на телото и во меѓуклеточната течност. Крвта се состои претежно од вода, а мускулите, белите дробови и мозокот ја содржат во голем дел. На организмот му е потребна за да може да ја регулира температурата и да им овозможи на сите органи да бидат снабдени со хранливи материи. Водата исто така ги отстранува отпадните производи и ги штити зглобовите и органите.

Бидејќи мозокот е опкружен со течност, поради отпадните материи, токсините и стресот се уништуваат невроните во мозокот, а како последица на тоа се јавува депресија, па дури и сенилност, проблеми со комуникацијата и многу повеќе. Ако пиете доволно вода, таложењето на отпадни материи во организмот ќе биде значително помало, клетките ќе бидат почисти, стареењето ќе забави и телото ќе остане младо долго време.

Фото: Pixabey