Знаете ли која е највусна и најздрава ужинка со само 215 калории на 100 грама?

Традиционалните брускети со домати кои можат да се видат во сите медитерански земји се најпопуларна „ужинка“ во Европа уште од 16.век, а воедно се сметаат и за најдобра ужинка за срцето

0
614

Лебот со домати кој може, но не мора да биде препечен, претставува здраво и вкусно јадење кое може да се јаде во било кое време од денот и годината. Нема многу калории – само 215 на 100 грама, а е полно со витамини. Покрај тоа, да споменеме и дека секоја порција од оваа ужинка покрива дури 10,8 отсто од дневните енергетски потреби.

Како да се приготват

Брускетите со домати, односно, Pa amb tomàquet, како што ги викаат во Каталонија, односно bruschetta или fett’unta – намрсена кришка, како што ја викаат Фирентинците, се прават од препечен леб добро натопен со ладно цедено маслиново масло на кој после печењето се ставаат исечкани кришки зрели домати или се премачкуваат со пелати и  се посолуваат по вкус.

Иако во минатото брускетите со домати се сметале за работнички оброк, денеска повеќе не е така. Токму спротивното, се сервираат во угледни ресторани како предјадење, а во многу се служат и како самостоен оброк.

Ова јадење кое се спомнува првпат како рецепт уште во 18.век, иако се смета дека жителите на Каталонија го јаделе и два века порано, е исклучително благодарно затоа што не бара голем трошок, а ни време за приготвување.

Варијанти

Добро е познато дека и ова јадење, баш како  другите кулинарски класици, можат да имаат повеќе варијанти, па така низ годините брускетите со домати биле засенети од брускетите со лук, моцарела, со инчуни или пак со медитерански зачини. Многумина ги сакаат и оние со свежо сирење, бакалар или пак со печена пиперка. Секако, сѐ зависи од тоа кој што сака.

Но ако барате здрава варијанта, на прво место ставете ги токму класичните брускети со домати, а во случај да имате проблем со висок крвен притисок – земете од оние со лук.

„Нултата“ или основната брускета со лук и маслиново масло е одомаќена и кај нас, па веројатно веќе сте ја испробале.

Зошто домати?

Студијата спроведена во 2009. Година и објавена во публикацијата Journal of Clinical Oncology покажала дека исхраната богата со домати може да помогне во превенција на тумор на простата, а ликопенот, кој е силен антиоксиданс, може да помогне и во превенција на другите типови на рак.

Секако, ликопенот не е доволен – стилот на живот и генетските фактори многу влијаат како на ризикот од појава на тумори, така и на болестите на срцето и крвните жили.

Фото: Pixabey