Здраво како мајчиното млеко

Се прашувате како можете дополнително да го зајакнете вашиот имунитет и да се заштитите од непријатни настинки и вируси? Според Ајурведата, пречистениот путер познат како Ги путер, е здрав како мајчиното млеко и се користи во ајурведското лекување илјадници години

0
312
Фото: Freepik

Во екот на пандемија, настинки и грип, сите размислуваме како да си го зајакнеме имунитетот и да се заштитиме. Решението е во едноставната храна. Доколку сакате да го зајакнете имунитетот оваа зима, искористете ги придобивките на ајурведскиот прочистен путер, познат како Ги масло. 

Ова масло се користи во ајурведското лекување илјадници години. Според ајурведата, го храни телото и му дава сила. Благодарение на содржината на липиди, Ги маслото се смета за здраво како мајчиното млеко. Мастите содржани во Ги путерот се лесно сварливи и брзо се апсорбираат од телото. Ова масло е познато и како здрава замена за путер при готвење или печење. 

Здрави масти

Покрај витаминот Е, Ги маслото содржи и каприлна и лауринска киселина, кои се познати по нивното делување против кандида и бактериски инфекции. Лауринската киселина исто така го намалува крвниот притисок, како и нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, здравите масти од Ги маслота ја чистат крвта, го стимулираат варењето и на тој начин придонесуваат за слабеење. Ги маслото содржи голема количина лауринска киселина, која во организмот се претвора во монолаурин, состојка која делува против различни патогени. Ова масло содржи и масти со среден ланец, кои црниот дроб ги користи за чистење на телото и снабдување на телото со енергија. Масните киселини со среден ланец и кокосовите моноглицериди делуваат како природни антибиотици и стимулатори на имунолошкиот систем. Ова супер здраво масло исто така го зајакнува веќе ослабениот имунитет со стимулирање на функциите на белите крвни зрнца во борбата против штетните патогени и микроби. 

Примена на Ги масло за зајакнување на имунитетот

Ако сакате природно да ја зајакнете одбраната на телото, можете да земате 1-2 лажици Ги масло дневно. Можете да го додадете и во вашето утринско кафе, што е веќе популарна практика насекаде. Но, ова масло можете да го додадете и во супи, чорби, десерти, овесни снегулки, смути… За најдобар ефект, користете го без загревање.

Важноста на здравата исхрана

Иако Ги маслото е здраво, нема да има многу ефект доколку вашето тело е веќе заситено со токсини од храната или од околината. Дефинитивно треба да консумирате здрава храна богата со хранливи материи и антиоксиданти, а во овој случај маслото ќе му даде на вашето тело дополнителен поттик за зајакнување на имунитетот. Исто така, важно е да консумирате органско Ги масло, бидејќи само таквото има најмногу лековити својства и најсилно дејство.