Одамна се познатити лековитите својства на секоја од овие билки, па зошто тогаш да не ги искомбинирате. Направете го овој здрав пијалак кој не само што е вкусен, туку и убаво изгледа. Бидејќи бербата на лаванда веќе помина, наместо свежа, ставете сува лаванда.
Состојки:
1 лажица лаванда (свежа или сува)
Исечкан свеж босилек (по вкус) + босилек за украсување
пола или 1 лажица мед (по вкус)
5 чаши вода
2 свежо исцедени лимони
1 лажичка кардамом
Приготвување:
Во стаклен бокал ставете ги лавандата, босилекот, кардамомот, лимоновиот сок и дополнете со топла вода, покријте и оставете да отстои 1 час на ладно место.
Додадете мед по вкус и додадете вода. Кога содржината на садот ќе се олади, ставете во чаша, измешајте и пробајте. Ако лимонадата е слатка, додадете вода. Украсете со босилек.
Фото: Freepik