Бамјата како јаготка на шлагот

Ако сакате да го намалите холестеролот, телесната тежина или да го регулирате нивото на шеќер во крвта, консумирајте бамја. Ако немате време за нешто покомплицирано, направете ја вака

0
264

Супата е нешто што порано беше задолжителен дел од секој ручек. Сега често се консумира како самостоен оброк и е одлична како ручек или како вечера, особено кога се прави со многу зеленчук.

За оваа супа ви требаат:

1 кромид

2 моркови

1 компир

2 тиквици

лук по вкус

Една рака бамји

Приготвување:

Се пржи 1 исечкан кромид, па се додаваат исечкани 2 моркови, 1 компир исечкан на ситни коцки, 2 тиквички исечкани на крупни коцки и лук по вкус.

Се залева со вода. Кога се сварени тиквичките, се вадат, се блендираат и се враќаат во супата. Така се добива густината.

Се става 1 пакетче нудли, магдонос и свежа бамја исечкана на тркалца и се трга од оган.