Заштитата на кожата започнува во чинијата

Ниту една козметика нема да ја заштити кожата како правилната исхрана.

0
229

Најважно е вашата храна да е богата со каротеноиди, кои ја подготвуваат кожата за сонце и витамин Ц, кој ја штити и регенерира.

Консумирајќи ја оваа храна секојдневно, ќе ја заштитите кожата од УВ зраци, ќе ја стимулирате регенерацијата и ќе ја намалите можноста за алергиски реакции.

Храна што ја штити кожата:

какао

црн и зелен чај

микро алги (хлорела и спирулина)

храна што содржи каротеноиди (праска, манго, кајсија, папаја, сладок компир, репка …)

храна што содржи ликопен (лубеница, домат, црвен пипер, црвен грејпфрут)

калинка, брокула, зелен лиснат зеленчук

храна што содржи токотриенол (јачмен, ‘рж, овес, палмино масло …)

храна што содржи витамин Ц (ацерола, шипки, зрнесто овошје, агруми …)

храна што содржи омега 3 (семе од коноп, чиа семе)

храна што содржи хистидин (ориз, пченица, ‘рж, млечни производи)

вода

Рецепти за правење природни креми за сончање

Доколку сте инспирирани да направите крем за сончање, ви донесуваме два рецепти.

Рецепт за крем за заштита на кожата со пчелин восок

Состојки:

½ чаша бадемово или маслиново масло

¼ чаша кокосово масло

¼ чаша пчелин восок

2 лажици цинк оксид

2 лажици ши путер

есенцијални масла или екстракт од ванила за аромата по ваш избор

Приготвување:

Во тава со двојно дно на тивок оган растопете ги маслата, путерот и восокот.

Тргнете ја од оган и оставете малку да се излади, додадете цинк оксид. Кога користите цинк оксид, внимавајте да не го вдишувате. Мешајте додека не добиете компактна смеса.

Користете го како и секој друг крем за сончање. Консумирајте во рок од 6 месеци.

Рецепт со алое вера

Состојки:

½ чаша чист гел од алое вера

20 капки масло од семе од морков

5 лажици масло од пченични никулци

1 лажица масло од коноп

5 капки масло од лаванда

Приготвување:

Измешајте ги наведените состојки. Протресете добро пред употреба.

Кога купувате растителни масла и путери, проверете дали се рафинирани, ладно цедени и од докажани производители.

Разредувањето го намалува нивниот заштитен фактор, но ако комбинирате повеќе масла одеднаш, ќе добиете поефикасен препарат, бидејќи факторот за заштита од сонце е променлив.

Без оглед на употребата на крем за сончање, ве советуваме да избегнувате престој на сонце од 12 до 16 часот, или да се заштитите со облека и капа.

Фото: Pixabay