Луксузниот хотел со пет ѕвезди на турската групација „Лимак“, освен со луксузен ентериер, претседателски апартман од 178 квадрати и уште 19 помали, од „само“ 70 и некој квадрат, банкет сала за 850 лица на најгорниот, шести кат од хотелот, скај бар, и прекрасен поглед на Скопје, ресторан со поглед на Водно, но и еден од најголемите спа-центри во градот со оригинална и пространа турска бања, успеал да го „ќари“ и шеф Бобан Симоновски. Станува збор за еден од најдобрите и најуспешни македонски шефови кој постојано не изненадува со своите вкусни приказни во чинија.
Денес, по обиколката на хотелот, го испробавме и одличното мени што го подготви шеф Бобан со својата екипа.
За почеток добивме чинија што чади. Тајната на чадот беше во сувиот мраз, а вкусниот залак во неа – печурка наполнета со превкусно полнење.
Следуваа: Parmigianna alla melanzana (модар патлиџан со сос од домати и моцарела)
Cherry tomatoes and grapes filled with gorgonzola (шери домати полнети со горгонзола) и главната порција Wellington beef with baby spinach cream (говедско месо со крем од бејби спанаќ).
За крај, се разбира, десерт – Raspberry mousse (мус од малини).
И знаете што? Иако прошетката беше закажана за 14 и 30 часот, значи, во најжешкото, и мислевме дека нема да можеме да отвориме уста, сите превкусни и ексклузивни чинии, уредно ги испразнивме.