Едноставен намаз од двете најздрави намирници на свет

Испробајте го овој вкусен и здрав оброк од авокадо и ореви.

0
1024

Авокадото се смета за една од најздравите намирници во светот. Содржи високи количини на калиум, што помага за намалување на крвниот притисок, а според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контрола на високиот крвен притисок е да консумирате доволно калиум. Можете да јадете авокадо во текот на целата година, а со дневната доза на калиум може да се снабдите јадејќи само половина од плодот што содржи 487 мг. Изберете авокадо кое е цврсто и тешко за својата големина, но благо податливо кога ќе се притисне.

Најдовме еден многу едноставен рецепт за вистински деликатес од авокадо и ореви.

Состојки:

2 авокада

прстофат магдонос

прстофат копар

прстофат рендан кромид или лук

1 чинија мелени ореви

2 чешниња лук

сок од 1/2 или 1 лимон (по избор)

сол

маслиново масло

мелени чили пиперки (по желба)

Приготвување:

Извадете ја содржината од авокадата и згмечете го. Додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.

Ставете парче од цел орев на врвот како украс. Послужете го ова здраво и вкусно јадење од најздравите намирници на светот и уживајте.

Фото: Pixabey