Еве што се случува во телото кога јадете сладолед

Едно истражување покажало дека луѓето кои се хранат полошо и внесуваат повеќе калории, особено во форма на додадени шеќери, спијат полошо. Еден вид сладолед е особено проблематичен. Станува збор за чоколадниот.

0
298

Со текот на годините, истражувањата покажале дека прејадувањето со сладолед може да доведе до зголемување на телесната тежина, срцеви заболувања, па може дури и да ја наруши дигестивната микрофлора.

За среќа, не е сe толку црно, за од сладоледот можеме да го добиеме и калциумот што му е потребен на нашето тело, а и едноставно се чувствуваме добро кога го јадеме.

За жал, сега е откриено дека има уште една лоша страна во јадењето сладолед, особено ако сакате да го јадете навечер, пред спиење. Имено, тој може да го наруши и квалитетот на спиењето.

Иако се потребни многу повеќе истражувања за врската помеѓу исхраната и спиењето, сегашните сугерираат дека начинот на кој се храниме влијае на тоа како спиеме. Особено едно истражување покажало дека луѓето кои се хранат полошо и внесуваат повеќе калории, особено во форма на додадени шеќери, спијат полошо.

Неодамнешните истражувања ја потврдиле оваа теорија, додадениот шеќер е главниот виновник за лошиот сон поврзан со лошата исхрана. Имено, телото влегува во најквалитетен и најдлабок сон кога нашата телесна температура е ниска, а ако јадеме нешто со многу шеќер пред спиење, температурата на телото е повисока и потешко е да заспиеме.

Еден вид сладолед е особено проблематичен. Станува збор за чоколадниот. Имено, покрај шеќер, тој содржи и кофеин и теобромин – антиоксидант кој делува како стимуланс и не држи будни.

Ако, по сето ова, сепак не сакате да се откажете од сладолед пред спиење, при купувањето обрнете внимание на декларацијата и изберете сладолед со помала содржина на шеќер, пишува Eat this.

Фото: Unsplash