Доделени првите дипломи во винската школа на Тиквеш

Свечено доделени WSET (Wine & Spirits Education Trust ) сертификати на Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци на учесниците во обуките реализирани во „Вински едукатор“ на „Тиквеш“

0
216

Над 60 учесници на обуките на Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци – Wine & Spirits Education Trust (WSET) се стекнаа со сертификати посетувајќи ги обуките организирани од винската школа на „Тиквеш“. Ова се првите дипломи доделени на високо специјализирани обуки реализирани во рамки на школата, кои отвораат квалитативно нова ера во развојот на винската култура во нашата земја.

Со ова создаваме критична маса на упатени познавачи на виното, високо едуциран персонал во угостителските објекти и професионални трговци со вино, што е дополнителен поттик за развој на македонскиот пазар на вино и на домашната винска индустрија. Сите тие се сега професионално обучени да ја шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на вино, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на ВВ „Тиквеш“, компанија која ја поседува акредитацијата за организирање на обуките на Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци.

Обуките се изведуваат преку „Вински едукатор“, школа формирана од ВВ „Тиквеш“, кој е овластен обучувач од страна на WSET. Од март годинава, досега се одржани вкупно 11 обуки од прво и второ ниво според највисоките стандарди на Лондонската школа.

Од „Тиквеш“ најавуваат дека наредната година во план е проширување на можностите за обука преку „Вински едукатор“ и тоа со одржување на сертифицирани обуки од WSET од напредно, трето ниво, како и на факултативни програми на македонски јазик, кои на љубителите на вино од други бранши ќе им овозможат информативно, но професионално упатено запознавање со виното и со винската култура. Обуките ги изведуваат реномирани искусни предавачи, сертифицирани од Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци.

Престижната Лондонска школа за вино и јаки алкохолни пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, можат да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа.

Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на официјалната интернет страница www.wineeducator.eu .