Дали сте пробале кафе со кокосово масло и кардамом?

Оваа позната ајурведска комбинација на кафе со кокосово масло и кардамом дава енергија и го поттикнува слабеењето.

0
171
За супер моќите на кокосовото масло и кардамомот се зборува особено последниве години и заради тоа сѐ почесто се користат, во готвењето, за убавина, но и во кафе!

Сто грама кокосово масло има дури од 820 до 900 калории, но без оглед на енергетската вредност, кокосовото масло има големо влијание за полесно симнување на килограмите затоа што го забрзува метаболизмот, а не забрзува и нас, односно, ни ја дава потребната енергија.

Кокосовото масло не содржи ниту јаглехидрати, ниту протеини, туку е со целосно липиден состав заради што побрзо и полесно метаболизира и станува извор на енергија. После подолготрајно консумирање на кокосово масло, доаѓа до забрзување на метаболизмот.

Освен тоа, заради основната состојка на кокосовото масло –лауринската киселина, ова масло го зајакнува нашиот имунитет. Маслото има и антибактериско, антивирусно и антигабично дејство.

Заради сите овие ефекти од консумирањето на кокосовото масло, почнува сѐ повеќе да се става и во најомилениот топол пијалак, во кафето. Оваа позната ајурведска комбинација на кафе со кокосово масло и кардамом дава енергија и го поттикнува слабеењето. Исто така, кокосовото масло ќе го збогати вкусот на кафето, но сепак, се советува да не се пие повеќе од едно дневно затоа што би можеле да имате тегоби со варењето.

Постојат два начини на кои можете успешно да ги искомбинирате кокосовото масло и кардамомот во своето кафе.

Ставете една или две лажички кокосово масло во шолја и прелијте со врело кафе или пак подгответе кафе и додека е уште жешко помешајте во него лажичка кокосово масло и кардамом.
Свареното кафе, лажичка или две кокосово масло и кафен шеќер ставете во блендер и мешајте додека не добиете доволно пена.

Фото: Pexels