Состојки:
– 1 праз
– 1 помала главица кромид
– 6 печени пиперки
– 1 лажичка ким во прав
– 2 ловорови листови
– 1 л супа од коцки или обична вода
– 1 лажичка чили
– маслиново масло
– сол и црн пипер
– 2 кришки леб
Приготвување:
Празот и кромидот исечкајте ги, па во тенџере загрејте три лажици маслиново масло, ставете ги празот и кромидот и малку пропржете ги.
Додадете ловоров лист, ким, чили и печените пиперки исечени на поголеми парчиња. Се динста неколку минути, се додава супата (или водата), се промешува убаво, се покрива и се остава да се вари 20 минути.
Извадете ги ловоровите листови, префрлете ја содржината во блендер и сè измешајте, па вратете во преостанатата течност.
Додадете сол и црн пипер по вкус и оставете да зоврие. Покријте и оставете ја на страна.
Лебот исечкајте го на коцки, ставете го во плех, прелијте го со маслиново масло, посолете и поросете со малку мелен црн пипер.
Се пече во рерна да биде крцкаво.
Послужете ја супата во чинии, а одозгора ставете парче крцкави коцки леб.