Време е за еден од најдобрите народни лекови: Сок од тиква

Сокот од тиква е добро познат народен лек за здравје на бубрезите и циркулаторниот и дигестивниот систем. Помага при воспаление на јајниците, проблеми со простатата, како и при проблеми со менопауза, а исто така е добар и за смирување и опуштање на нервите

0
192

Тиквата содржи 90% вода, но и многу минерали и витамини, заради што е идеална храна за секој што сака да ослабне. Тиквата содржи каротин или провитамин А, витамини од Б групата – Б1, Б2, Б3, Б6, витамин Ц, но и ниацин, фолна киселина.

Од минерали содржи калиум, фосфор, калциум, како и многу олиго и микроелементи. Исто така, содржи повеќе од 60% незаситени масни киселини и е богата со растителни протеини. Содржи и пектин, целулоза, како и други растителни влакна, што ја прави лесно сварлива.

Речиси и да нема маснотии, па 100 грама тиква содржат само триесет калории.

Заради сето ова и сокот од тиква е добро познат народен лек. Придонесува за добро здравје на бубрезите и циркулаторниот и дигестивниот систем. Помага при воспаление на јајниците, проблеми со простатата, како и проблеми со менопауза, а исто така е добро за смирување и опуштање на нервите. Во Ајурведата одамна се користи како продукт за здрава исхрана и има позитивно влијание врз телото.

Состојки:

1,5 кг излупена тиква

3,5 литри вода

сок од 5 лимони

Мелен ѓумбир, цимет икардамом (по вкус)

100 г кафеав шеќер или кокосов шеќер или мед по вкус

Приготвување:

Исчистете ја тиквата и исечете ја на коцки. Ставете го шеќерот во водата и варете додека тиквата не омекне (ако ставате мед, тогаш додадете го отпосле).

Кога е доволно мека, процедете ја и кога ќе се излади додадете сок од лимон, ѓумбир, цимет и кардамом и ако ставате мед. Можете исто така да го ставите и пирето од тиквата ако ви се допаѓа да е погусто.

Овој здрав сок најдобро се чува во тегли и треба да се пие во рок од 7 дена.

Фото: Pixabay