Вистинско освежување: Сладолед од лубеница за кој ви требаат само две состојки

Ако сте љубител на лубеница сигурно ќе уживате и во ова ладно освежување

0
275

Состојки:

3 1/2 чаши исечени парчиња лубеница без семе (околу 1/2 средна лубеница)
2 лажици свежо исцеден сок од лимон
1/4 чаша топла вода, по потреба
мед (по желба, ако лубеницата не е многу слатка)

Приготвување:

Исчистената лубеница исечете ја на помали коцки и наредете ја врз хартија за печење во некој сад кој го собира во вашиот замрзнувач. Оставете го садот со лубеница во замрзнувачот 3 часа или преку ноќ.

Замрзнатите парчиња лубеница ставете ги во блендер заедно со сокот од лимон и оставете ги да постојат 5 минути за малку да се стопат.

Мешајте додека не се изедначи. Можеби ќе треба да додадете малку топла вода и да притиснете надолу со шпатула за да помогнете во процесот.

Јадете го веднаш ако сакате помека текстура или ставете го во сад па во замрзнувач и оставете го 3-4 часа или додека не се зацврсти.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.