Веге плескавици со спанаќ

Ако спанаќот не ви е омилена намирница, вам или на семејството, а сакате за ручек да сервирате нешто здраво и брзо, направете ги овие плескавици со спанаќ и пармезан

0
185

Еве одличен предлог за денешниот или за утрешниот ручек.

Ако денес немате дома спанаќ, купете си на враќање од работа и веднаш измијте го и ставете го во фрижидер. Утредента ќе ви треба многу малку време за да ги подготвите плескавиците.

Состојки:

500 г спанаќ (паметно е да си го измиете од вечер)
1 јајце
ситно сечкан млад кромид по желба

½ шолја пармезан

1 лажица маслиново масло

½ шолја ситни овесни снегулки или презли
1 лажичка мелен црн пипер
зачини по желба

Приготвување:

Измијте го и исечкајте го спанаќот и ставете го во блендер со сите состојки.

Обликувајте плескавици и испржете ги.

Толку. Ем вкусно, ем здраво.