Еве одличен предлог за денешниот или за утрешниот ручек.
Ако денес немате дома спанаќ, купете си на враќање од работа и веднаш измијте го и ставете го во фрижидер. Утредента ќе ви треба многу малку време за да ги подготвите плескавиците.
Состојки:
500 г спанаќ (паметно е да си го измиете од вечер)
1 јајце
ситно сечкан млад кромид по желба
½ шолја пармезан
1 лажица маслиново масло
½ шолја ситни овесни снегулки или презли
1 лажичка мелен црн пипер
зачини по желба
Приготвување:
Измијте го и исечкајте го спанаќот и ставете го во блендер со сите состојки.
Обликувајте плескавици и испржете ги.
Толку. Ем вкусно, ем здраво.