Супата е нешто што порано беше задолжителен дел од секој ручек. Сега често се консумира како самостоен оброк и е одлична како ручек или како вечера, особено кога се прави со многу зеленчук.
За оваа супа ви требаат:
1 кромид
2 моркови
1 компир
2 тиквици
лук по вкус
Една рака бамји
Приготвување:
Се пржи 1 исечкан кромид, па се додаваат исечкани 2 моркови, 1 компир исечкан на ситни коцки, 2 тиквички исечкани на крупни коцки и лук по вкус.
Се залева со вода. Кога се сварени тиквичките, се вадат, се блендираат и се враќаат во супата. Така се добива густината.
Се става 1 пакетче нудли, магдонос и свежа бамја исечкана на тркалца и се трга од оган.