На денешното матине чиј домаќин беше скопското Бифе Тафталиџе и пејачката и водителка Сузана Турунџиева, присутните имаа можност да се запознаат со хероината на филмот „Медена земја“, нашата пријателка Атиџе Муратова.
На настанот кој почна денеска (12.12.) точно на пладне, можеше да се купат книги од Турунџиева, а собраните средства се наменети за Атиџе Муратова.
Дел од настанот беа и екипата на „Арт кујна“ и скулпторот Горазд Христов кој подготви превкусни чоколадни мафини и неговиот специјалитет – бред пудинг, а присутните можеа да се заблажат со овие вкусни десерти и да донираат во кутијата наменета за Атиџе.
На продажба беа маици, заштитни маски, како и портретот на нашата хероина кој го изработи уметницата Снежана Мелник.
Бифе Тафталиџе, ги покани сите хумани луѓе да дојдат и да дадат свој придонес на ова добротворно матине, се разбира, со сите безбедносни протоколи.
Фото: Стефани Христов