Антибитиоци не се пијат со млечни производи, минерална вода, овошни сокови,…

Ако пиете антибиотици, најдобро е да ги испиете со чаша обична вода. Сите други комбинации ќе имаат несакани ефекти, затоа бидете внимателни

0
304

Познато е дека бактериите можат да станат отпорни на антибиотици, а тоа се случува ако ги земате кога не ви се потребни, ако дозата е превисока или ако терапијата е трае премногу долго. Покрај тоа, интеракцијата на антибиотиците и некои видови намирници може да има несакани ефекти, затоа внимавајте што пиете и јадете заедно со антибиотиците.

Алкохолот не треба да се пие со какви било лекови, бидејќи интеракцијата може да биде опасна, предупредува д -р Томас Лошер, специјалист за заразни и тропски болести и член на германското здружение за интерна медицина (БДИ).

Алкохолот може да го зголеми или намали ефектот на лековите, а лековите можат да го зголемат дејството на алкохолот. Антибиотиците не се исклучок.

Во комбинација со алкохол, антибиотикот метронидазол, кој се препишува за воспаление на вагината и цревата, предизвикува главоболки, гадење и повраќање, вели Лошер.

Млекото и другите млечни производи го нарушуваат метаболизмот на лековите, главно заради присуството на калциум.

„Калциумот ги поништува ефектите на многу лекови, особено на антибиотиците“, тврди Урсула Селерберг, портпаролка на германската фармацевтска комора (БАК).

Некои антибактериски агенси се врзуваат за калциумот во цревата и создаваат сложени молекули кои се толку стабилни што не можат да продрат низ цревниот ѕид во крвотокот, објаснила таа.

Резултатот е дека лековите не метаболизираат и нивната активна состојка се излачува без никаков ефект. Најчесто се јавува при земање тетрациклини и флуорохинолони.

Затоа, Селерберг советува млечните производи да се избегнуваат два часа пред и по земањето антибиотици.

Минералната вода, без разлика дали е газирана или не, содржи многу минерали како калциум, железо и магнезиум. Како и во случајот со калциумот во млекото, минералите можат да се врзат за активните состојки на антибиотиците и да ги претворат во неефикасни.

Затоа, минералната вода треба да се избегнува два часа пред и после антибиотиците.

„Секогаш е побезбедна опција лекот да се пие со чаша вода од чешма“, вели Селерберг.

Пред земање антибиотици, треба да се избегнуваат овошни сокови.

Тие содржат одредени ензимски инхибитори кои можат да го нарушат метаболизмот на некои лекови во цревата и црниот дроб, објаснила експертката.

Ефектот на стимулативни пијалаци како кафе, црн и зелен чај, кока-кола или енергетски напитоци може да се зајакне со употреба на антибиотици, што може да резултира со побрз пулс и тешкотии во спиењето.

И, конечно, кое е најдоброто време за употреба на антибиотици, пред, за време или после оброк?

Не постои општо правило, вели Селерберг. Некои, како ампицилин, треба да се земаат еден час пред оброк, а други, како што е цефуроксим, по обилен оброк.

Најдобар одговор на прашањето кога да се користи пропишаниот антибиотик може да дадат лекарите или фармацевтите, заклучила таа.

Фото: Pixabay