Ако имате псоријаза препорачливо е да станете веган

Ако имате псоријаза, пробајте како ви делува сончањето и ако има поволно дејство, искористете ги благодатите на сонцето, но сменете го и начинот на исхрана. Најдобро е да преминете на веганска исхрана.

0
118

Симптомите на псоријаза може да се подобрат и намалат со корекција на исхраната. Имено, организмот треба да се исчисти од токсините акумулирани со текот на годините, а тоа е препорачливо да се направи со пиење овошни сокови – тие треба да се подготват од свежо овошје, со цедење или користење на соковник; запрашајте се дали некогаш сте направиле општо чистење на организмот, дали некогаш сте направиле детоксикација преку храна, размислете дали сега е време да го сторите тоа.

Користете свежо подготвени сокови од моркови, цвекло, краставици, грозје и избегнувајте цитруси (лимон, портокал) и јагоди, малини, бобинки и црни рибизли.

За чистење на дигестивниот систем и алкализирање на телото, пијте чаша топла вода со исцеден лимон секое утро на празен стомак. По една недела на чистење, во исхраната се воведуваат семето, зеленчукот и овошјето; се препорачуваат јаткасти плодови, сусам, лен, семки од тиква и сончоглед, а неизбежен е и суровиот зеленчук што се користи секој ден.

Подоцна можете да додадете млеко, јогурт, урда и крем, посно месо, живина, варено говедско месо, свежа и замрзната риба.

Кафе, чај, шеќер, чоколадо, какао и мед создаваат киселина во организмот и треба да се избегнуваат, а консумирањето на конзервирана и чадена храна е забранета.

Бидете внимателни и со мешункастиот зеленчук, може да има негативно влијание, но ќе процените сами дали доживувате промени на полошо; исто така, внимавајте на јаболката (оние од конвенционално производство се третираат со разни хемикалии)

Алкохолот е забранет, а треба да се избегнуваат сите животински и транс масти, тоа се свинска маст и говедски лој, маргарин, жолчка од јајце, путер.

Наместо тоа, користете ленено масло и други растителни масла, или кокосово масло.

Избегнувајте рафинирана и индустриска храна и ако можете, користете органски производи.

Најдобар совет кога станува збор за исхраната е да преминете на веганска исхрана.

Додатоци во исхраната

Терапијата со витамин Е (витаминот Е е природно присутен во растителните масла) во доза од 200-800 IU се покажало како успешно, а добар резултат покажале и капсулите со лецитин.

Наводно, може да помогне и сода бикарбоната (се додаваат 2-5 лажици во када наполнета со вода и се практикува секоја втора вечер), или да се нанесе на кожата со малку вода.

Потребно е да се открие и причината за стресот и да се научи како да се справите со него (медитација, вежби за дишење, прошетки).

Ако псоријазата реагира добро на сонцето, сончајте се (се создава витамин Д во кожата што го зголемува имунитетот)

Вежбајте и останете на свеж воздух колку што е можно повеќе и одмарајте се доволно.

Фото: Pexels